Силвана од Јога Студио ОМ: Јогиската пракса ќе ни помогне да сјае нашата вистинска природа!

јога-студио-ом
јога-студио-ом

Под мотото “The body is your temple. Keep it pure and clean for the soul to reside in!“, Јога Студиото ОМ веќе половина деценија им помага на битолчани да стекнат корисна јогиска пракса. 🧘

Од најактивната пракса како аеро, јин, јанг јога, до најтивката медитација, овде ќе најдеш широка лепеза на активности што ќе го смират твојот дух и тело.

Силвана Николовска од Jога Студиото ОМ, објаснува која е мотивацијата зад основање на овој јога центар:

Сите ние луѓето, имаме нешто во физичкиот изглед, темперамент, лични карактеристики или животен стил кои нѐ прават несигурни, инфериорни, понизни или недоволни на некој начин. И колку повеќе истражуваме, толку повеќе разбираме дека тие се човечки искуства со кои сите се среќаваме. Без оглед на тоа, имаме тенденција да се чувствуваме изолирано во нашите страдања, се трудиме да го прикриеме нашиот хаос, се срамиме, додека во исто време споделуваме совршени слики или позитивни реченици. Истото се случува и во светот на јогата. Изгледа како да има место само за убави, витки, хармонизирани луѓе кои сфатиле како сѐ функционира, а во реалноста секојдневно ги преминуваме пречките кои нѐ прават воини. Тука се гледа нашата заложба да бидеме јогини. 💪

јога-студио-ом

Корисна и здрава јогиска пракса ќе те поддржи во намерата да бидеш она што си, наместо да ти создаде стрес од постојаното напрегање да бидеш нешто што не си. Затоа, во фокус на јога центарот ја ставаат функционалната јога.

Повеќе нѐ интересира како положбата ќе влијае на нашето тело, отколку како ќе изгледа. После долго учење на правилна изведба на положбите, заради големите разлики во човечката анатомија, не сите положби ќе изгледаат и ќе се чувствуваат исто за сите луѓе. Јогиската пракса би требало повеќе да нѐ доближи до себе, па нашата вистинска природа да сјае! 🌞

јога-студио-ом

Мотивацијата кај клиентите ја одржуваат помагајќи им да ја зголемат својата ментална и емоционална сила. 🧠

Секоја положба што е предизвикувачка учиме да ја направиме најдобро што можеме. Не затоа што ќе изгледаме убаво во положбата, туку затоа што кога ја правиме создаваме внатрешна сила. Кога ќе се најдеме во некоја стресна ситуација, не бегаме од неа затоа што е тешка, или затоа што не ни се допаѓа, туку си велиме во ред, ајде да ги засукаме ракавите и да го направиме тоа што мора да го направиме.

јога-студио-ом

Зошто да му дадете шанса на Jога Центарот ОМ?

Вистински предизвик е да останеме смирени и фокусирани.🙏Ако не можеме во јога праксата, нема место каде ќе можеме надвор од праксата. Нема ништо поважно од тоа да бидеме во рамнотежа како во телото, така и во умот. Тоа е тоа што го добиваме со практикување јога!

👣 Доколку те заинтересиравме да пробаш јога и да вложиш квалитетно време во себе, посети го центарот што се наоѓа на улицата „Стево Патако“ број 20 во Битола.

јога-студио-ом

A за да бидеш во тек со сите новости на Јога студио ОМ, еве како можеш да ги најдеш на социјалните мрежи: 

📸 Instagram: @jogaombitola

👍Facebook: Joga Studio Om

🖱️ Website: https://jogastudioom.mk/

FitKit logo

Јога студиото ОМ е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Закажи си тренинг преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore. Посети го Јога Студиото ОМ и пиши review како си поминал/а. 😊