Како да ги оствариш твоите фитнес цели во 2023 година?

Александар-Дренковски

Дали знаеш дека 90% од луѓето кои носат новогодишна одлука да вежбаат повеќе, се откажуваат од нејзиното реализирање по само месец дена? 😳

Дали и ти ја започна оваа година со силна мотивација, за да ти спласне по празничното прејадување? 🍔

Александар Дренковски, еден од најинспиративните фитнес тренери во земјaва и дел од тимот на Kinetics Fitness Studio, ќе ти покаже како да ги поставиш и оствариш своите финтес цели за 2023 година.

alek-drenko-trener

Најголеми заблуди или грешки во поставување цели за вежбање

Колку пати досега си поставил/а некоја фитнес цел, за брзо време потоа да сфатиш дека нема шанси да успееш да ја постигнеш? 😥

Поставувањето амбициозни цели е секогаш добро, но истите треба да бидат во допир со реалноста.

Мислам дека сите што вежбаат активно подолго време се соочиле со грешката да бркаат недостижни резултати за многу краток период, а потоа да се разочараат при нивно неисполнување. Затоа, ги мотивирам клиентите да се фокусираат на микро цели што се реалистично остварливи на краток рок. Верувам дека самото постигнување на овие микро цели, колку и тие да се мали, ги држи моите клиенти мотивирани на долг рок за остварување на подолготрајните цели. 🎯

alek-drenko-trener

Практични трикови за поставување на годишни фитнес цели и нивно следење

Постави си аларм или нотификација на мобилниот што ќе те потсетува дека треба да одиш на вежбање. Не се препуштај на случајноста да се сетиш дека си на тренинг.

Залепи потсетници за вежбање насекаде околу тебе – во тоалет, во фрижидер, во гардероберот, на работната маса, врз компјутерот, итн.

Најди фитнес дисциплина во која што ќе уживаш преку ФитКит апликацијата. Поголема е веројатноста дека ќе бидеш мотивиран/а да станеш од каучот ако знаеш дека следниот час што ќе го поминеш во тренирање ќе ти биде по мерак.

Закажи си тренинг неколку дена однапред. Самиот факт дека си вложил/а пари и си се пријавил/а за вежбање, ќе ти биде поттик за да се појавиш на терминот.

Постави си ги алиштата за вежбање и опремата на видно место како потсетник дека е време за вежбање.

Пробај да вежбаш наутро, уште пред мозокот да сфати што правиш и да почне со изговорите. 

Експериментирај различни видови дисциплини, бидејќи монотонијата во вежбање може лесно да те обесхрабри.

Договори се да вежбаш со пријател/ка. Ќе ти биде непријатно да им откажеш во последен момент.

Ако имаш проблем со мотивација или не знаеш како правилно да вежбаш, ангажирај личен тренер што ќе ти помогне во секоја од овие области и многу повеќе од тоа. 

Не заборавај редовно да се наградуваш за прогресот што го правиш.

Ова е нешто што индивидуално го дискутирам со моите клиенти. Зависно од нивниот карактер и нивните навики, поставувам различен систем. Некои ги советувам да запишуваат на лист што ќе го гледаат секојдневно, некои да користат планери за ова, со некои следиме прогрес и цели на онлајн документи, а со некои дури и поставуваме OKRs на тромесечно ниво што ги следиме заедно. 💡

alek-drenko-trener

Не постои најдобра диета или вежбање – конзистентноста е најважна

Постојано ги советувам моите клиенти да не ја бараат најдобрата диета, бидејќи не постои таква. Да не го бараат најдобриот начин на вежбање, бидејќи не постои таков. Неопходно е да најдат активност и диета во којашто би уживале и би им била одржлива на долг рок. Да гледаат на ова како на маратон, а не како на спринт. Конзистентноста е многу побитна од интензитетот на вежбање. 🏆

Александар е личност кој секогаш го става здравјето на клиентот на прво место, а не слабеењето или градењето мускул по секоја цена.

alek-drenko-trener

Ако имаш дополнителни прашања за Александар или сакаш да вежбаш со него, еве каде можеш да го најдеш:

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Aleksandar Drenkovski

📸 Пиши му на Инстаграм: alekdrenko

💬 Контактирај го на LinkedIn: Aleksandar Drenkovski

🌐 Посети го веб-сајтот: https://kineticsfitness.mk/

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore