Фитнес и велнес индустријата имаа вистински бум во изминативе неколку години. 💥 Но, како тоа се одрази на твојот број на клиенти?
Дали конкуренцијата во индустријата ти го намали бројот на вежбачи и посетители или само дополнително те охрабри да се стремиш кон нови, иновативни методи што ќе ги понудиш на пазарот? 🤔
Конкуренцијата во фитнес и велнес индустријата е поголема со секој изминат ден.
Затоа, алатки како MyFitKit можат значително да ти помогнат да не тапкаш во место, туку да покажеш дека ги следиш современите фитнес трендови, а со тоа и да го зголемиш бројот на клиенти. 🚀
На кои начини MyFitKit може да ти помогне да си ја дуплираш базата на клиенти?
✅ Побрза подготовка на планови за вежбање
Ако порано ти требало часови и часови да истражуваш и да склопуваш различни комбинации на вежби што ќе одговараат на индивидуалните потреби на твоите клиенти, сега оваа активност можеш да ја комплетираш за само неколку минути (па дури и помалку од тоа).⌛
👣 Процесот е едноставен:
- Ја отвораш MyFitKit апликацијата.
- Бираш од колекцијата од над 2000 вежби во вид на слики или видеа.
- Ако не можеш да најдеш конкретна вежба во нашата колекција, можеш лесно да додадеш своја вежба во вид на слика или видео.
- Со само еден клик на вежбата, ја додаваш во планот.
- Ги означуваш омилените вежби за повторна употреба во иднина.
- Пишуваш детални инструкции за секој сет.
- Го споделуваш планот за вежбање со твојот клиент преку мејл или го принташ на хартија.
- Следиш над 18+ метрики за прогрес или додаваш твои метрики по желба.
✅ Побрза подготовка на планови за исхрана
Ако веќе со години подготвуваш планови за исхрана, сигурно некогаш си посакал/а да си го скратиш процесот, а сепак да го задржиш истиот квалитет. 🤔
MyFitKit ти овозможува истражувањето и комбинирањето прехранбени производи според индивидуалните потреби на клиентот да не мора повеќе да ти биде монотона, исцрпувачка активност.
👣 Еве како ќе си ја забрзаш процедурата со MyFitKit:
- Ја отвораш MyFitKit апликацијата.
- Бираш од колекцијата од над 4000 прехранбени производи (стандардни и егзотични намирници).
- Ако не можеш да го најдеш конкретниот производ во нашата колекција, можеш лесно да додадеш свој производ.
- Со само еден клик на производот, го додаваш во планот на оброци.
- Ги означуваш омилените оброци за повторна употреба во иднина.
- Го споделуваш планот за исхрана со твојот клиент преку мејл или го принташ на хартија.
- Следиш над 18+ метрики за прогрес или додаваш твои метрики по желба.
✅ Поедноставно менаџирање со клиенти, вработени и локации
Како што ќе ти расте бројот на клиенти, така ќе се зголемува и потребата поефективно да ги менаџираш клиентите, вметнувајќи ги во твојот распоред. Но, ова не значи дека и нивото на стрес треба да ти се зголеми. 😬
За среќа, не мораш повеќе да користиш комплицирани excel табели или бележници за да водиш евиденција.
MyFitKit ти ја автоматизира работата не само за распоредување на поединечни клиенти и групи на клиенти, туку и со менаџирање на повеќе локации и повеќе тренери со само неколку кликови.
👣 Еве како ќе си ја поедноставиш работата со MyFitKit:
- Ја отвораш MyFitKit апликацијата.
- Додаваш неограничен број на контакти со кои што ќе можеш да управуваш.
- Во опцијата календар со повлекување можеш да додаваш термини со клиенти, средби со останати тренери, распоред за вработените или настани.
- По желба, можеш да им дадеш на твоите клиенти пристап до апликацијата, па тие сами можат да си резервираат термин кај тебе.
- Можеш да го ограничиш максималниот број на присутни по настан, да креираш листа на чекање, но и да ја ограничиш видливоста на календарот.
✅ Поефективна комуникација
Со оглед на бројот на социјални апликации достапни денес, не секогаш ќе се сетиш на која социјална мрежа си разговарал со клиентот и тоа е сосема во ред.
Но, нели би било супер ако можеш на едно место да комуницираш со твоите клиенти, групи на вежбачи или колеги во реално време? 💬
👣 Еве како апликација за разговор на MyFitKit ќе ти помогне:
- Додаваш неограничен број на контакти со кои што ќе можеш да разговараш во рамки на апликацијата: клиенти, групи на клиенти, вработени, тренери, нутриционисти и слично.
- Можеш да разговараш индивидуално со секој контакт или да ги групираш зависно од потребите.
- Имаш на располагање ѕид за објави каде што ти или твоите контакти може да пишувате објави, коментари, да се впуштате во дискусија, да споделувате совети, новости и слично.
Ова се само дел од начините како MyFitKit може да ти помогне да си го дуплираш бројот на задоволни клиенти и автоматизираш работата за многу кратко време.
Ако сметаш дека апликацијата ќе донесе вредност за твоите клиенти, па затоа вреди да ѝ дадеш шанса, контактирај нè за да го започнеш твоето MyFitKit патување уште денес! 🚀
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.