Како да провериш дали имаш проблеми со грбот и што можеш да направиш во врска со тоа?

bolki-vo-grbot

„Имав 25 години кога одлучив да се посветам повеќе на фитнесот. Со таа одлука, почнав да бидам посвесна за своето тело. Тогаш и приметив дека нешто не е во ред со моето тело на пределот околу кичмата. Испадна дека сум имала напредна фаза на сколиоза, која што започнала на мои 13 години. Низ годините, буквално никој не приметил ништо. Ниту моите најблиски, ниту докторите каде што одев на систематски прегледи. Поради овој пропуст, денес не можам да вежбам со тежина, не можам да кревам тешки работи, а секое одење на масажа ми е ризик дека може да дојде до дополнително искривување”. 😞

Ова е лична приказна на наша FitKit кориснисничка која дури после 12 години, открила дека има напредна фаза на сколиоза што ѝ го отежнува секојдневното функционирање.

Денес, нејзе не и преостанува ништо друго, освен да го ублажува проблемот со физикални терапии и да се надева дека нема да заврши под нож во операциона сала.

 

bolki-vo-grbot

Но, зошто да не се спречи пред да биде предоцна? 

Како да провериш дали имаш искривување на грбот?

 

✅ Начин #1: Прегледaj се “oд око”

  • Застани пред огледало.
  • Провери дали рамењата, колковите или струкот ти се во иста линија.
  • Примети дали едната лопатка на рамото ти изгледа повисокa од другата.
  • Примети дали облеката ти виси нерамномерно.

 

✅ Начин #2: Адамов тест на превиткување

  • Превиткај се напред со струкот, пуштајќи ги рацете слободно да ти висат.
  • Набљудувај го грбот. Ако едната страна од ребрата ти изгледа поизразена од другата, тоа може да биде знак за сколиоза.

bolki-vo-grbot

✅ Начин #3: Препознај дали ги имаш следниве симптоми

  • Болка во грбот што подолго време ти трае
  • Не се чувствуваш добро во своето тело
  • Често го губиш здивот
  • Си го чувствуваш телото круто и затегнато
  • Проблеми со спиење

✅ Начин #4: Консултирај се со стручно лице!

Ако ги направи овие тестирања “од око” и/ли се препозна во некој од симптомите, консултирај се со доктор за да ти потврди дали имаш искривување на грбот или е лажна тревога.

 

Како може FitKit да ти помогне? 

FitKit е повеќе од фитнес и велнес апликација. Нашите корисници со сколиоза, спондилоза и кифоза, имаат можност да си закажат вежби со искусни физиотерапевти и да го направат првиот чекор кон подобрување на состојбата. 

Наши предлози за активности што можеш да си ги закажеш преку FitKit апликацијата се:

  • Вежби за ‘рбетен столб или корективно во Позитива
  • Pain Relief вежби во DSC Бранимир и Бранкица
  • Корективно истегнување или вежби во Коректива
  • Корективни вежби кај деформитети на ‘рбетен столб или индивидуални терапевтски вежби во Physiovitality

Нека овој текст те охрабри конечно да преземаш нешто околу болките во грбот! Имај на ум дека FitKit ти е сојузник за подобрување на физичкото здравје во секоја ситуација. 🙏

bolki-vo-grbot

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.