Септември е!
Твоите изговори дека летно време не се вежба, веќе паѓаат во вода. 😳
Ако правеше летна пауза од вежбање, овие начини ќе ти ја дадат потребната мотивација повторно да се вратиш во сала и да бидеш чекор поблиску до остварување на своите фитнес цели.
1. Пробај нови дисциплини
Септември е одличен период да се пробаш во нови дисциплини. Ако досега си вежбал/а сам/а во теретана, дај му шанса на функционалниот тренинг во група. Ако си вежбал/а јога, зошто да не пробаш аеробик?
Ако не пробаш никогаш нема да знаеш која е твојата нова омилена дисциплина, нели?
ФитКит ти помага да експериментираш со најразлични дисциплини преку пристап до 300+ различни активности за вежбање и релаксација во над 150 локации низ целата држава. 🚀
2. Сети се на твоите годишни фитнес цели
Кои се твоите фитнес цели што си ги постави на почетокот на годината? Дали си на добар пат да ги оствариш или ептен си скршнал од патот?
Имаш уште 4 месеци до крајот на годината – не е уште доцна. ⌛
3. Подготви си ја опремата за вежбање ден претходно
Намести си ја опремата за вежбање уште вечерта пред да си легнеш.
На тој начин, нема да имаш баш изговори зошто да не вежбаш тој ден. Само ќе треба да ги заврзиш патиките и да се упатиш кон сала. 👟
4. Освежи ја својата плејлиста
Промени ја музиката што ја слушаш додека вежбаш. 🎶
На нашиот Инстаграм профил (@fitkitmk) ќе ги најдеш плејлистите за вежбање на најдобрите тренери во земјава. Овде нема авторски права – слободно укради ги. 😄
5. Искористи ја моќта на социјалните мрежи
Сподели го твоето фитнес патување, но и напредок на социјалните платформи.
На овој начин ќе добиеш поддршка и охрабрување од пријатели и следбеници што ќе те натера да си стоиш на зборот и да “не фаќаш кривини.” 👀
6. Внеси го вежбањето во календар
Додај ги термините за вежбање во Google календарот или каков календар и да користиш. 📅 Не заборавај да ја овозможиш опцијата за добивање потсетник пред терминот за тренинг.
7. Залепи визуелни потсетници
На фрижидер, на биро, на врата, на огледалото во тоалет, па дури и под туш, залепи потсетници за вежбање, мотивирачки пораки, фотографии од твоето тело од соништата и слично. 📷
8. Започни постепено
Ако цело лето не си вежбал/а, не скокај веднаш со интензивни тренинзи. Ќе му нанесеш на своето тело огромен стрес и нема да ја постигнеш целта.
Започни со полабави тренинзи се дур не си спремен/а за нешто поинтензивно за да спречиш ризик од повреди и воспалување на мускулите.
9. Најди си фитнес партнер
Кога веќе ќе се договориш со некој да одиш на вежбање, помала е веројатноста дека ќе го откачиш во последен момент, нели? 😉
10. Награди се
Нашиот мозок тежнее да ги повторува искуствата за коишто добил награда. Искористи го тоа во твоја полза.
По секој тренинг или неколку тренинга, награди се со шопинг, релаксација во спа, масажа, неколку часа Нетфликс или што и да те мотивира. 😎
Звучи клише, ама не се откажувај, туку биди трпелив/а кон себе.
Ти требаат само неколку тренинга за телото и умот да се сетат на придобивките што ги искусуваат од вежбањето. Наскоро, вежбањето повторно ќе стане дел од твојата секојдневна рутина.
Те чекаме во сала! 🤸♀️
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.