ФитКит, првата фитнес мобилна апликација во Македонија во соработка со платежниот гигант VISA, започнува кампања за промоција на активниот начин на живот.
Кампањата во фокус ги става позитивните ефекти од вежбањето со ФитКит апликацијата, со што што овозможува не само бројни придобивки за физичкото и менталното здравје, туку и придонесува за заштеда со секоја купена претплата. Сите ФитКит корисници што ќе купат претплата М или L со картичките VISA Gold или VISA Premium, ќе добијат 500 денари попуст на претплатата.
Промотивната понуда стартуваше во Мај 2023 година и ќе трае заклучно до крајот на Септември 2023 година.
Од тимот на ФитКит велат дека платежниот гигант VISA, го препозна потенцијалот на ФитКит апликацијата, како брзо решение да вежбаш или уживаш каде и кога ќе посакаш, во најдобрите фитнес и спа центри во државата, или пак од комфорот на својот дом.
Добивме предлог од претставништвото на VISA во Македонија за средба на која што требаше да ги запознаеме со нашиот бизнис модел. Од компанијата го препознаа потенцијалот на Фиткит и набрзо по таа прва средба почнавме да разгледуваме модели на соработка. После 6 месеци, ова стана реалност и вистинска додадена вредност за вежбачите и корисниците на VISA Premium и VISA Gold картичките.
Покрај бројните придобивки, соработката со VISA ќе биде уште еден поттик за сегашните и идни ФитКит корисници да се охрабрат да водат физички активен и здрав начин на живот, а притоа и да заштедат.
Прво, ова е голема сатисфакција да соработуваш со бренд од овој калибар. Второ, ова е тест за нашата компанија дека може да испорача и да се вклучи во еден проект и кампања со глобална корпорација од овој размер. Трето и најважно, е што ќе охрабриме и поттикнеме повеќе луѓе да бидат активни и да се запознаат со можностите и удобноста што ги нуди ФитКит мобилната апликација, велат од ФитКит.
Преку оваа кампања, користењето на понудата на Фиткит ќе се доближи до секој корисник што ќе плати М или L претплата. На овој начин, во зависност која претплата ќе ја изберат, корисниците ќе добијат 500 денари попуст за неограничени посети на повеќе од 300 активности за вежбање и спа третмани, неограничен пристап до онлајн тренинзи во живо, субвенција за опрема во вредност од 6000 или 14000 денари и пристап до FitKit Plus видео програмите за вежбање.
Од ФитКит најавуваат дека по сумирање на првичните импресии и реакции од корисниците и пазарот, моменталниот став и намера на двете страни е оваа соработка да продолжи и да се надградува и во иднина.
За да добиете повеќе детали за оваа промотивна понуда, пишете ни мејл на info@fitkit.app или контактирајте нè на телефонскиот број 075 420 308.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.