Kid-friendly студио за вежбање: Fit Concept

fit-concept

Ако живееш во Битола, сигурно ти е добро познато фитнес студиото на Fit Concept

Освен што е втор дом на многу фитнес ентузијасти и поттик за восхитувачки физички трансформации, овој клуб е и едно од новите омилени места за вежбање на децата. 👧

Од неодамна, Fit Concept ги започна уписите на најслатката програма – Fit Concept Kids, комбинација од забавни физички вежби наменета за:

🤸‍♀️ Деца од 3 до 8 години (MINI група)

🤸‍♀️ Деца од 9 до 16 години (TEENY група)

fit-concept

Ова значи дека додека твоето дете вежба во едната сала, ти како родител си вежбаш во соседната сала, имајќи можност во секој момент да го набљудуваш твоето дете како се забавува. 

Овие термини за вежбање за деца и родители се уште еден доказ дека Fit Concept е клуб што ги слуша барањата на своите клиенти и ги елиминира можните изговори зошто да не се појавиш на тренинг

Опцијата да вежбаш во исти термин со своето дете е поттик плус не само за родителот, туку и за детето уште од најмали нозе да научи за важноста од здравиот и активен начин на живот. 💯

fit-concept

Иако официјално не се pet-friendly локација, домашните миленичиња се топло добредојдени. Па така, многу често ќе видиш како некој вежбач ќе дојде со своето милениче во сала.

Fit Concept е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩‍👧‍👧

Доколку сакаш ти и твоето дете да бидете дел од приказната на Fit Concept, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети некој од клубовите што се наоѓаат на следниве локации:

👣 улица „Стево Патако” број 43 во Битола

👣 улица „Стево Патако” број 20 во Битола

👣 Младинскиот центар во село Новаци

fit-concept

А за да бидеш во тек со сите новости на Fit Concept:

📸 Следи ги на Инстаграм: @fit.concept_2.0

👍 Пиши им на Фејсбук: FIT Concept

📧 Пиши им на мејл: orilifestyle@gmail.com

☎️ Јави се на: 070 239 513

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore