Колку е квалитетна храната што ја јадеш секојдневно?

bezbednost-hrana

Дали некогаш си размислувал/а што се случува со храната пред да стигне на полиците во супермаркетот? 🥕

Како правилно да ја чуваш храната и дали треба да ги фрлаш производите со поминат рок?

Ана Ангеловска од Институтот за Аналитичка Хемија ги дава одговорите во Wellcast with Josif. ⬇️

Зошто е важно да се запази рокот на траење на храната?

Производителите ставаат рок на употреба за да се заштитат себеси. 

Ако го употребиш производот до наведениот датум, производителот одговара за квалитетот и безбедноста на тој продукт. Но, ако го употребиш по истекнување на рокот, одговорноста за консумација е само твоја. 

Производите што се сирови и не се термички обработени како млеко, месо, млечни производи, имаат пократок рок на траење и повеќе влага, па затоа и побрзо можат да се расипат. Кај производите што се конзервирани, самата амбалажа може да има влијание врз тој продукт по истекување на рокот на траење. 🥫

bezbednost-hrana

Дали смееш да замрзнуваш продукти откако си ги одмрзнал/а?

Замрзнатите производи како месо и риба имаат голема содржина на влага во себе, а влагата е основа за развој на микроорганизми, особено ако се чуваат на повисока температура. Затоа, се советува веднаш по одмрзнување да се употребат за да се спречи таа микробиолошка контаминација. Ако го замрзнеш повторно, местото нема да биде со исти квалитет и нема да биде доволно безбедно за повторна употреба. 🥩

bezbednost-hrana

Не мора да си производител на храна за да ги испиташ нутритивните вредности на некој продукт. Секое физичко лице може да дојде во Институтот за Аналитичка Хемија и да побара анализа на храна. 

Адитиви и емулгатори во храна – колку се безбедни? 

Не постои продукт што е на полица во супермаркет, а да не содржи ниту еден адитив, било органски или синтетички. 🤯

Сепак, адитивите (конзерванси, засладувачи, вештачки бои, подобрувачи на вкус) можат негативно да влијаат врз квалитетот и безбедноста на производот ако се употребат во повисоки концентрации од дозволеното.

Според нашите регулативи, кои што се во согласност со Европските, за секој тип на производ постојат одреден број на адитиви што можат да бидат застапени во точно одредени концентрации. Ако тие адитиви се во повисока концентрација од дозволеното, веднаш се алармира да се преземат мерки.

bezbednost-hrana

Како амбалажата влијае на квалитетот на производите?

Амбалажата е еден од најважните фактори за квалитетот и безбедноста на еден продукт. 🧃

Ти можеш да произведеш супер производ, но ако амбалажата не ти е соодветна, ќе страда квалитетот на производот. По извесен период, самите честички од амбалажата можат да влијаат врз производот, особено ако се чува во несоодветни услови. Соковите што се чуваат во проѕирни шишиња имаат ризик од оксидација, додека соковите што се во тетра пак амбалажа, користат природни бои во случај боите да мигрираат во внатрешноста на производот. Ако ја отвориш конзервата или ја држиш лименката отворена подолго време, се зголемува ризикот од оксидација.

Конзервираните производи како туна, грашок, пченка и слично, подлегнуваат на процес на истиснување на воздухот од тој производ за да се спречи развој на микроорганизми.🐟

bezbednost-hrana

Пластиката што се користи како амбалажа е претходно испитана за безбедност, па ако се користи во предвидениот рок на траење, нема ризик честиците да навлезат во самиот продукт.

Како да се чува храната што ти останува?

Најбезбедно е да ја ставаш храната што ти останува во стаклени амбалажи или да ја замрзнуваш за да се намали процесот на миграција на штетните честички. 

Замрзнувањето не дозволува развој на микроорганизми. При повторна консумација, само ја одмрзнуваш храната на собна температура и си ја консумираш.

Погледни го целото интервју во новата епизода на Wellcast with Josif. 👀

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore