Отсекогаш си сакал/а да пробаш некоја боречка вештина, ама не си знаел/а од каде да почнеш? 🤔
Како боречките вештини можат да ти помогнат да дојдеш до умствен мир и здравје? 🧠
Во оваа епизода на Wellcast with Josif, ги предизвикуваме стереотипите за боречките вештини со Сифу Предраг Петрески, кунг-фу мајстор со 30 години искуство во оваа боречка вештина. ⬇️
Што е разликата помеѓу боречки спортови и боречки вештини?
Боречките спортови не се исто нешто со боречките вештини. ❌
Преку изучување на боречките вештини како кунг-фу, се смирува духот, додека целта на боречките спортови е победа над противникот.
Боречките спортови се само еден дел од боречките вештини. Меѓутоа, боречките спортови, според мене, го јакнат егото бидејќи ти се натпреваруваш за да освоиш некоја титула и да го победиш противникот. Од друга страна, боречките вештини се комплетни. Тука нема само физичка активност, туку будистичка и таоистичка филозофија коишто се дел од кунг-футо. Токму тоа ме фасцинираше мене.
За жал, сè уште постои митот дека вежбањето боречка вештина ќе го пробуди агресивното кај тебе. 🤼♂️
Боречките вештини се создадени за смирување на духот и снаоѓање во одредени ситуации, не само кога животот ти е во опасност, туку и во секојдневни ситуации како кога ти е стресно на работа, нервозен си, бидејќи ти помагаат да можеш да го совладаш стресот и да останеш фокусиран.
Зошто кунг-фу е сеопфатна дисциплина?
Вештините како кунг-фу ти помагаат да бидеш господар над твојот ум, комбинирајќи физичка и умствена активност. 🙌
Тоа е како еден вид медитација, бидејќи кога тренираш мораш да бидеш присутен тука и сега во моментот, што е форма на медитација.
Човекот е како санта лед. 20% од она што се гледа на површината е телото, 80% од она што е под површината е умот. Колку што е силен умот, толку и ќе биде силно и телото. 💪
Во кунг-футо има вежби за издржливост, кардио, вежби за техника, медитација, енергетски вежби насочени кон тренирање на умот, итн. На овој начин ти преку своето тело го вежбаш и умот. 🧠
Зошто боречки вештини се натпреварување со самиот себе си?
Слично како јогата, во боречките вештини ти се натпреваруваш самиот со себе – да бидеш подобар од она што си бил вчера.
Боречкиот систем во споредба со јогата, нуди алатки за справување со одредени ситуации кога животот ти е во опасност. Токму затоа организираме спаринзи, за да ги најдеме слабите точки и дупките во она што го практикуваме и да одиме напред. Многу е лесно да ги повредиш луѓето, но е многу тешко да му помогнеш некому. Ако се одлучиш да помогнеш – тогаш си мајстор. 🙌
Вистинските резултати доаѓаат само со постојана работа на себеси.
Младите кај нас сакаат брзи резултати. Кога ќе дојдат на тренинг и кога ќе видат дека неколку часови треба да се учат како да стојат, веднаш се откажуваат. Сакаат да станат кунг-фу мајстори за 3 часа – што не е реално.
Како изгледа исхраната на еден Сифу?
Храната не е само задоволство, туку сегмент што го поддржува секој аспект од нашиот живот и средство за вежбање на умот.
Според таоистичката филозофија, сè што е дадено од природата е добро. Затоа, мој апел до младите е да јадат природна храна, без разлика дали е од растително или животинско потекло. Јас, лично, одлучив да јадам само растителна храна и тоа го практикувам веќе 20тина години. 🥑
За да дознаеш повеќе за Предраг или да почнеш да тренираш со него:
📸 Следи го на Инстаграм: @petreskipredrag
👍 Пиши му на Фејсбук: Predrag Petreski
Погледни ја целата епизода на Wellcast with Josif:
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.