Комплетен водич за користење на MyFitKit апликацијата

my-fit-kit

Сакаш да ѝ дадеш шанса на MyFitKit апликацијата, но не знаеш од каде да почнеш? 🤔

Што точно MyFitKit може да направи за тебе и твоите клиенти? 

Како оваа апликација ќе ти го олесни секојдневието како личен тренер, фитнес студио или нутриционист?

Го креиравме овој едноставен водич кој многу детално ќе ти објасни што можеш да очекуваш од MyFitKit платформата. ⬇️

MyFitKit е составена од следниве корисни алатки:

✅ План за вежбање со колекција од над 2000 вежби

Опција #1: Пребарувај вежби

MyFitKit ги има едни од најобемните колекции на вежби, со над 2000 вежби во вид на слики или видеа.

🏋️ Колекцијата се состои од најразлични видови вежби:

Можеш да ја најдеш било која вежба благодарение на нашата напредна алатка за пребарување. 

🔍 Можеш да пребаруваш по:

  • име на вежба
  • тип на вежба
  • целниот мускул
  • реквизит за вежбање

MyFitKit ти дава опција да ги зачуваш параметрите за пребарување за подоцнежна употреба и да ги означиш омилените вежби за полесен пристап до нив во иднина.

my-fit-kit

Опција #2: Додај сопствени вежби во колекцијата

Ако не можеш да најдеш конкретна вежба во нашата колекција, можеш лесно да додадеш своја вежба во вид на слика или видео. 🎥

Додади инструкции за вежбата и дефинирај каква опрема се користи. 

Новите вежби ќе им бидат достапни и на тренерите со коишто ќе соработуваш на платформата.

Опција 3: Додади ги вежбите во фитнес планот

Со само еден клик на вежбата, таа е додадена во твојот план за вежбање.👌

Лесно можеш да го преуредуваш редоследот на вежбите, нивото име и инструкции.

Опција 4: Напиши детални инструкции за секој сет

📝 За секоја од вежбите, можеш да додадеш:

  • број на повторувања и сетови
  • тежина
  • одмор помеѓу сетови
  • инструкции за секој сет

Опција 5: Внес на резултати и следење на напредокот

Ти и твојот клиент може постојано да внесувате резултати за секој поминат сет. 

На овој начин, лесно може да забележиш како напредува клиентот и дали прескокнал некоја вежба. 📈

Опција 6: Избор од над 70 готови планови за вежбање

Кога немаш инспирација, а треба брзо да додадеш нови сетови вежби, можеш во секое време да искористиш некој од нашите 70+ готови шаблони.

Опција 7: Календар за вежбање

Кога твојот план за вежбање е подготвен, можеш да го додадеш во календарот што потоа ќе го споделиш со твојот клиент. 📆

Штом го поканиш клиентот на MyFitKit апликацијата, тој/таа ќе има увид во сите планови за вежбање креирани за нив, календарот, својот прогрес и алатката за директна комуникација.

Ако не сакаш да го поканиш клиентот на платформата, имаш опција да му испратиш PDF документ со вежбите преку мејл или да ги испечатиш на хартија. 📧

✅ План за исхрана со над 4000 намирници

Опција 1: Лесно пребарувај прехранбени производи

Колекцијата на намирници на MyFitKit ги опфаќа сите стандардни дневни прехранбени производи, но и оние што се поегзотични. 🥑

Можеш да пребаруваш намирници по име или по некоја од 18-те категории на храна.

За секоја намирница се наведени основните хранливи факти како енергија, протеини, јаглехидрати, масти, влакна и слично. 

Можеш да ги означиш омилените прехранбени производи за да добиеш кратенка за повторна употреба во иднина. ⭐

Опција 2: Додај сопствени производи

Ако не можеш да најдеш некоја конкретна храна во нашата колекција, можеш лесно да додадеш своја храна што ќе им биде достапна на нутриционистите со коишто ќе ја споделиш апликацијата.  

my-fit-kit

Опција 3: Додаj оброци во планот за исхрана

Со само неколку клика, можеш да додадеш колку сакаш оброци во планот за исхрана. 😋

Можеш да пишуваш белешки за секој оброк и да го менуваш редоследот на оброците.

За секој оброк, ги имаш на располагање најважните нутриционистички факти.

Опција 4: Повторна употреба на оброци и планови

Наместо одново да креираш план за исхрана за секој клиент, можеш лесно да го означиш оброкот како омилен за повторна употреба. ⭐

Опција 5: Сподели го планот за исхрана

Кога твојот план за исхрана е подготвен, можеш да го додадеш во календарот со оброци што потоа ќе го споделиш со твојот клиент. 📅

Штом го поканиш клиентот на MyFitKit апликацијата, тој ќе има увид во сите планови за исхрана креирани за нив, календарот, својот прогрес и алатката за директна комуникација. 

Ако не сакаш да го поканиш клиентот на платформата, имаш опција да му испратиш PDF документ со планот за исхрана преку мејл или да го испечатиш на хартија. 📧

✅ Следење детален прогрес за твојот клиент

Опција 1: Избери метрики што ќе ги следиш

Имаш опција да избереш од 18 метрики што ќе ги следиш:

  • Тежина
  • Крвен притисок (низок)
  • Крвен притисок (висок)
  • Телесни масти
  • Внес на кислород
  • Максимален пулс
  • Срцеви отчукувања
  • Купер тест
  • Ергометар за велосипеди
  • Телесни масти
  • Обем на врат
  • Обем на гради
  • Обем на надлактица
  • Обем на подлактица
  • Обем на половина
  • Обем на колкови
  • Обем на бедра
  • Обем на нозе

my-fit-kit

Опција 2: Детално следи одредени метрики

Со MyFitKit, избери кои денови сакаш клиентот да ги пополни бараните информации. На пример, можеби ќе сакаш да ја знаеш неговата тежина наутро или срцеви отчукувања за викенд. 📅

Опција 3: Додај сопствени метрики за следење

Ако не можеш да ја најдеш метриката што сакаш да ја следиш, секогаш имаш опција да додадеш сопствени метрики како поминати чекори за еден ден, време поминато во спиење и слично. 😴

Опција 4: Следи го напредокот во живо

Секогаш кога клиентот ќе ги внесе резултатите, ти веднаш добиваш известување за неговиот прогрес во вид на графикон за напредок. 📊

За секој запис можеш да додаваш и белешки или ти како тренер да си оној што ќе ги пополнува резултатите.

✅ Организирање интерактивни онлајн курсеви

Опција 1: Направи ја основата за курсот

👣 Потребни се само неколку чекори за креирање онлајн курсеви преку MyFitKit:

  • Креирај курс од нула или најди веќе готов темплејт.
  • Избери го времетраењето на курсот (од 1 до 52 недели).
  • Напиши упатства за курсот (можеш да прикачиш и промотивна слика или видео).
  • Означи дали курсот е наменет за еден клиент или група клиенти (содржината ќе биде дистрибуирана до секој поединечно).

Опција 2: Креирај и прилагодувај ја содржината на курсот

Избери од 14-те видови на содржина и нареди ја по редоследот што ти одговара: 

  • План за вежбање 
  • План за исхрана
  • Метрики
  • Видео
  • Слика
  • Фајлови
  • Инструкции
  • Задачи
  • Повратни информации
  • Е-пошта
  • Порака за разговор
  • Push нотификација
  • Состаноци
  • Новости

💡Освен содржината што е во нашата колекција, секогаш имаш опција да користиш и твоја содржина слики, видеа (до 3 часа), вежби, прехранбени производи, линкови до твојата онлајн продавница, линкови за состанок на Zoom/Microsoft Teams и слично. 

Опција 3: Финализирај ги деталите за курсот

  • Избери датум и време за настанот (твојот клиент да добие известување како потсетник).
  • Напиши дополнителни белешки и упатства. Можеш да прикачиш слики, видеа, линкови, итн. 
  • Избери кога твојот клиент ќе го види курсот (секогаш видлив, скриен до избраниот датум или секогаш видлив, но не достапен до избраниот датум). 📅
  • Намести push нотификации со деталите за одржување на курсот.
  • Поврзи со курсот со твојата онлајн продавница.

✅ Бонус опции

MyFitKit апликацијата ги има и следниве опции:

  • Едноставен CRM систем за менаџирање на поединечни клиенти и групи на клиенти со само неколку клика.
  • Можност твоите колеги тренери или нутриционисти да пристапат до платформата (бројот на луѓе што може да ги додадете е неограничен). 
  • Апликација за разговор со којашто можеш да разговараш со твоите клиенти, групи или колеги во реално време. 💬

Започни го твоето MyFitKit патување 🚀

Ако после сето ова што го прочита, веруваш дека MyFitKit апликацијата ќе ти донесе вредност, очекуваме да нè контактираш за да ти помогнеме за раст на твојот бренд и многу лојални клиенти. 🎯

my-fit-kit

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.