Како на едноставен начин да креираш планови за исхрана преку MyFitKit?

plan-ishrana-my-fit-kit

Ако често подготвуваш планови за исхрана за твоите клиенти, сигурно знаеш колку време и енергија ти одзема комбинирањето оброци според индивидуалните потреби на секоја личност. ⌛

Но, што ако постои начин да си ја олесниш работата? 💡

Зар не би било одлично часовите поминати во креирање оброци да ги замениш со постапка што нема да ти одземе повеќе од неколку минути? ⏱️

Ја креиравме MyFitKit за да ти помогнеме на брз и едноставен начин да подготвуваш планови за исхрана за твоите клиенти (без разлика дали си фитнес тренер или нутриционист). 

plan-ishrana-my-fit-kit

Кои се предностите од користење на MyFitKit за подготовка на планови за исхрана?

✅ Побрз начин за комбинирање намирници и оброци

✅ Богата колекција од над 4000+ прехранбени намирници

✅ Кратенки за повторна употреба на омилени намирници, оброци или нутриционистички планови

✅ Лесно споделување на планот за исхрана со клиентот

✅ Следење на детален прогрес за клиентот од едно место

Како изгледа креирањето планови за исхрана преку MyFitKit? 

Чекор #1 

Отвори ја MyFitKit апликацијата и од листата на контакти, пронајди го клиентот за кој што сакаш да изготвиш план за исхрана. 🧑

Чекор #2

Стартувај го процесот со клик на иконката за план за исхрана. 

Можеш да креираш планови од нула или да искористиш веќе постоечки темплејти што ги има во апликацијата или што си ги користел/а за некои други клиенти. 

Напиши име на планот и инструкции (по желба). ✍️

plan-ishrana-my-fit-kit

Чекор #3

Избери од колекцијата од 4000+ производи или додај твои намирници и комбинирај ги во календарот како оброци. 

Можеш да пребаруваш по име на храна или некоја од 18-те достапни категории.

За секоја намирница се наведени основните хранливи факти како енергија, протеини, јаглехидрати, масти, влакна, калории и слично. 📝 MyFitKit автоматски ги пресметува основните хранливи факти за секој оброк, но и за сите оброци во денот како целина. 

Во секој момент можеш да го промениш редоследот на оброците, часот во кој треба да се консумираат или, пак, да избришеш некој оброк или да додадеш нов.

Чекор #4

Ако не можеш да најдеш некоја конкретна храна во колекција, можеш лесно да додадеш своја храна додавајќи име, категорија и нутритивни факти. ➕

Новите прехранбени производи што ќе ги додадеш, ќе бидат видливи само за тренерите и/ли нутриционисти што ќе ги поканиш на платформата.

Чекор #5

Означи ги омилените оброци или прехранбени производи со ѕвездичка за повторна употреба при следното креирање план за исхрана. ⭐

plan-ishrana-my-fit-kit

Чекор #6

Преземи го планот за исхрана во форма на PDF, испрати го на мејлот на клиентот или, пак, испринтај го на хартија. 📧

Чекор #7

📈 Избери некои од 18те метрики за да го следиш деталниот прогрес на твојот клиент (или додади твои метрики по желба): 

  • Тежина
  • Крвен притисок (низок)
  • Крвен притисок (висок)
  • Телесни масти
  • Внес на кислород
  • Максимален пулс
  • Срцеви отчукувања
  • Купер тест
  • Ергометар за велосипеди
  • Телесни масти
  • Обем на врат
  • Обем на гради
  • Обем на надлактица
  • Обем на подлактица
  • Обем на половина
  • Обем на колкови
  • Обем на бедра
  • Обем на нозе

Сметаш дека овој начин на креирање нутриционистички планови ќе донесе вредност за тебе и твоите клиенти

Тогаш, те охрабруваме да нè контактираш и да го стартуваш твоето MyFitKit патување уште денес! 🚀

my-fit-kit

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.