ФитКит Херој на Неделата: Кристијан Наумовски

kristijan-naumovski

Кога мотивацијата ќе ја снема, дисциплината презема! 💪

Ова е тајната зад бројните успеси на Кристијан Наумовски од Охрид, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Неговата пасија се атлетика и триатлон, а ФитКит тренинзите му помагаат секогаш да биде во одлична форма и да го одржува телото во добра кондиција. 🏃

Првата активност што ја закажав преку ФитКит беше пливање во спортскиот центар „Борис Трајковски”. Од тогаш, ја користам апликацијата неколку пати неделно за пливање во СЦ „Борис Трајковски” и фитнес тренинзи во ATG Macedonia

 

Кobe BryantJan FrodenoMuhammad AliRafael NadalMichael Jordan се негова инспирација, но вербата во себе и дисциплината најмногу му помогнала да биде она што е денес. 😎

Пандемијата само ја зацврстила неговата упорност да биде најдобрата верзија на себе си дури и кога има ограничени услови за тоа.

Полициските часови за време на карантинот, ми помогнаа да имам подобар time management. Изборот се сведуваше на: Или ќе истрчаш одма после работа или ти пропадна тренингот. 😅

 

 

Како Senior .NET Developer во компанијата BtoBet, користењето на ФитКит, како дел од бенефициите за вработени, е уште една потврда дека компанијата вложува во неговото физичко и ментално здравје.🙏

А на своите колеги што немаат навика за вежбање, им го препорачува следново:

Приоритети се во прашање. Секој може да одвои барем 30 минути време за себе!

За да дознаеш повеќе за Кристијан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Kristijan Naumovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @knnaumovski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Kristijan Naumovski


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.