Во динамичниот свет на бизнисот, успехот на една компанија се мери според нејзините приходи, растот и доминацијата на пазарот.
Сепак, овде има еден клучен фактор за успехот што многумина го занемаруваат.
А тоа е менталното здравје на вработените. 💡
Иако можеби на прв поглед делува неспојливо зошто менталното здравје на вработените би играло некаква улога во самиот бизнис? Нели е тоа приватна работа на самата индивидуа?
Бројките го докажуваат сосема спротивното: ⬇️
Во наредниве неколку минути ќе истражиме зошто менталното здравје на вработените е толку важен фактор за корпоративниот успех, но и како неговото занемарување го намалува квалитетот на работната сила.
Која е поврзаноста помеѓу менталното здравје и успехот на компанијата?
Да, можеби на прв поглед оваа поврзаност не е баш очигледна, но е навистина длабока.
Следнава паралела ќе ти помогне точно да ја увидиш разликата помеѓу вработен со добро и лошо ментално здравје:
Вработените со добро ментално здравје се:
✅ Поангажирани околу работните задачи.
✅ Попродуктивни во извршување на задачите.
✅ Со леснотија ја покажуваат својата креативност на дело.
✅ Поефективно се справуваат со стресот.
✅ Лесно ги надминуваат работните предизвици.
✅ Брзо се прилагодуваат на компаниските промени.
✅ Поради зголемениот работен перформанс, директно или не, го зголемуваат и профитот на компанијата.
Од друга страна, кога вработените искусуваат лошо ментално здравје, ова се дел од штетните ефекти што можат директно да влијаат врз работните перформанси:
⚠️ Драстично им опаѓа продуктивноста.
⚠️ Имаат апатија кон работните задачи.
⚠️ Често земаат денови за боледување.
⚠️ Шират негативна, токсична енергија.
⚠️ Голема е веројатноста дека ќе ја напуштат компанијата.
⚠️ Имаат негативно влијание врз динамиката и моралот на тимот.
⚠️ Поради намалениот работен перформанс, директно или не, го намалуваат и профитот на компанијата.
Што може да се преземе за поддршка на менталното здравје на вработените?
Да се инвестира во менталното здравје не е само хумано нешто што може да се направи, туку е и паметна бизнис одлука.
Многу истражувања покажуваат дека компаниите што ги ставаат во прв план благосостојбата на своите вработени, искусуваат одлични работни перформанси, поголема креативност, помалку денови земени за боледување и крајната линија – поголем профит. 💸
Дополнително, организациите што го ставаат менталното здравје во прв план, имаат конкурентска предност привлекувајќи и задржувајќи врвни таленти, бидејќи сè повеќе кандидати бараат компании што на 1во место ја стават нивната благосостојба.
Грижете за вработените, а тие ќе се грижат за Вашиот бизнис!
А како да го сторите тоа на брз, лесен и ефективен начин?
Нашиот водич „Иднината на благосостојбата на работната сила: Стратешки водич за зголемување на продуктивноста на Вашите вработени” ги има сите одговори.
Симни го бесплатно водичот на овој линк: ⬇️
П.С. Дали знаеш дека на ФитКит можеш да најдеш повеќе од 50+ лиценцирани психолози, стручни на најразлични теми (зависи што ти е маката)?
Ете, немаш повеќе изговори за да го занемаруваш твоето ментално здравје! 😉
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.