Апликацијата ФитКит го освои 2рото место во категоријата Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината на изборот за најдобрите во македонската е-трговија – Ecommerce Awards 2022, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со што уште еднаш се издвои како позитивен пример во сферата на е-трговијата во земјава. 🎉
Годинава, ФитКит беше номиниран во дури 4 категории и тоа: Мобилна апликација за е-трговија на годината, Најдобра е-продавница основана од жена, Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината и Е-трговец на годината.
Над 6500 гласачи и 13 членови на стручното жири ја препознаа напорната работа, иновативноста, тимскиот дух и вложените напори на е-трговците како ФитКит да бидат поттик за останатите компании за уште подобро темпо во сферата на е-трговијата во 2023-та година. 🎯
Оваа награда значи дека конечно после 5 години напорна работа, пазарот ја препознава ФитКит како алатка која е go-to кога се работи за здравје и дека брендот веќе е во фаза на искачување кон врвовите. Ова значи и дека ќе работиме уште понапорно за наредната година да бидеме на прво место. Наградата ни служи како доказ дека апсолутно се движиме во вистинската насока и е мотив плус да продолжиме по истиот пат со поголеми брзини!, 🚀 објаснува Ангелина Блажеска, ко-основач на ФитКит.
Освоеното 2ро место е показател дека сме на прав пат и дека треба да забрзаме кон врвот, додава Јосиф Дамјанов, ко-основач на ФитКит.
Ова значи дека сме носеле добри одлуки, дека сме видливи во екосистемот и треба да работиме дупло повеќе, бидејќи признанијата се показател дека си на прав пат и дека треба да забрзаш. Среќна околност е што на нашата маса имаше компании коишто добија по 5-6 награди, така што, 2рото место само во една категорија носи мотивација следната година да добиеме прво место. Од друга страна, носи и фрустрација за следната година да бидеме видливи и со награда во повеќе категории. 🏆
Благодарение на исклучителната грижа кон корисниците, постојаното додавање нови локации за вежбање и релаксација, иновациите во рамки на апликацијата и надвор од неа, резултираа со вакво признание што е од големо значење за ФитКит. 🙌
Наградите не се наменети за хранење на егото, туку напротив, тие служат за да се потсетиме дека корисниците ја забележуваат нашата работа. Понекогаш и самите ние заглавени во секојдневните операции и обврски, забораваме дека преку ФитКит помагаме нечиј живот да стане поквалитетен, дека превенираме нечија фрустрација, разубавуваме нечиј ден и носиме вистинска вредност на пазарот, објаснува Јосиф.
Оваа признание е уште еден поттик за остварување на долгопосакувана цел – интернационализација на ФитКит апликацијата и надвор од границите на земјава, велат Јосиф и Ангелина.
Следниот период, освен што ќе продолжиме со досегашните активности, ќе се трудиме да наметнеме и дигитализација во сите студија и кај сите тренери. Дополнително, очекуваме да станеме оперативни и во Атина, Грција со што ќе ја оствариме и нашата долгопосакувана цел – интернационализација. Се надеваме и на инвестиција која ќе ни го забрза развојот на продуктите и ќе ни овозможи уште поквалитетно пробивање и освојување на нови пазари! 🎯
Од тимот на ФитКит најавија дека годинава уште повеќе ќе се посветат на своите корисници со цел да им пружат брзи и флексибилни начини за водење здрав и активен начин на живот каков и што заслужуваат, олеснувајќи им го пристапот до над 300+ места за вежбање и релаксација ширум земјава.
ФитКит останува да сведочи за исклучителните напори да се унапреди е-трговијата во земјава на уште едно повисоко ниво, заедно со останатите победници на овогодинешните E-commerce Awards. 👏
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.