Амбициозен, љубител на технологија и секогаш спремен да експериментира со нови начини за подобрување на својата психо-физичка состојба. 💪
Запознај го Петре Божиков, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Петре е голем фан на онлајн вежбањето, бидејќи одлично се вклопува во неговиот распоред: 📅
Ја креирав навиката за вежбање од дома – за тоа е заслужен ФитКит! Ефектот од онлајн тренинзи беше многу позитивен. Како најголеми бенефити би ги издвоил можноста за помалку од 5 минути да бидеш спремен за тренинг, а 10 минути после вежбање да бидеш подготвен за сосема друга активност.
Петре неколку пати неделно ја користи ФитКит апликацијата. Најмногу се пронаоѓа во Total body workout тренинзите бидејќи го вежба целото тело со што има одлични резултати дури и во домашни услови со минимална инвестиција во реквизити. 💰
Мартин Реџепагиќ е неговата фитнес инспирација, а еве како Петре се мотивира да вежба кога не му е денот:
Мислам дека секое вежбање во група или со личен тренер, позитивно влијае на мотивацијата. Ако и тоа не ти успее, мораш да си кажеш дека секој може да одвои време за 3 тренинга во неделата што траат по 1h. ⏰
Петре работи како менаџер за продажба и бизнис девелопмент во софтверската компанија Netcetera, а вежбањето му дава енергија секогаш да биде подготвен за акција. 🚀
Користењето на ФитКит апликацијата има големо и позитивно влијание врз секој вработен. Компаниите коишто ја вклучуваат ФитКит апликацијата во пакетот на бенифиции, покажуваат дека навистина се грижат за здравјето на своите вработени. 🙏🏻
Eве што Петре им препорачува на колегите што немаат навика за вежбање:
Не размислувајте два пати дали да почнете да вежбате. Почнете со тренинзи што поскоро, бидејќи вежбањето влијае многу позитивно на психо-физичката состојба на секого! 🧠
За да дознаеш повеќе за Петре:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Petre Bozikov
📸 Пиши му на Инстаграм: @petre_bozikov
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Petre Bozikov
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.