Плодна година за ФитКит и ветувачки старт за 2023: 5 настани и достигнувања со кои се гордееме

fitkit

👋 Ја испративме 2022 година со многу научени лекции, нови перспективи и храбри иновации што нашите членови ги прифатија со отворени раце.

Гледајќи назад, 2022 беше уште само една попатна станица што ни требаше за да нè охрабри да продолжиме да бидеме подобри, пофункционални, пофлексибилни, поуслужливи, похрабри. 

Ја започнавме 2023 година ветувајќи си дека ќе ги примениме научените лекции и ќе им го овозможиме на корисниците искуството што го заслужуваат за поздрав и поквалитетен начин на живот. 🔥

Ова се достигнувањата на кои сме најмногу горди:

1. Додадена нова категорија во апликацијата за ментално здравје

Имајќи на ум колку е важно менталното здравје, ФитКит го направи советувањето со психолог лесно и пристапно за секој од нашите корисници. 

Во соработка со мобилната апликација Разговор.мк, воведовме нова опција како дел од нашата апликација – закажување (онлајн или во живо) сесија со лиценциран психолог по твој избор. 📞

fitkit

На овој начин, сакавме да ги охрабриме нашите корисници, покрај вежбањето, да му дадат шанса и на разговорот со лиценциран психолог за да постигнат благосостојба на телото и умот. 😇

2. MyFitKit – нова апликација за фитнес тренери и студиа

Ја креиравме MyFitKit како комплетна апликација што со само неколку клика им ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата. ⚡

fitkit

MyFitKit им овозможува на корисниците брзо и лесно да креираат планови за вежбање и исхрана, да подготват онлајн курсеви, да разговараат со клиентите, да го следат нивниот прогрес, да споделуваат корисни содржини со нив, да соработуваат со други фитнес тренери и многу повеќе.

Ако си фитнес тренер или студио, еве повеќе детали за тоа што MyFitKit апликацијата може да направи за тебе. ⬅️

3. Бевме избрани како стартап на месецот

Во Ноември, бевме избрани за стартап на месецот како дел од Глобалната недела на претприемништво во Македонија. 🎉

Оваа награда беше во рамки на иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia, во која секој месец се профилира по еден македонски стартап што е на пат кон успехот. 

fitkit

🚀 Навистина ни значи што од толку многу иновативни македонски стартапи, ние се најдовме во најтесниот круг и нашите напори беа препознаени и наградени. 

4. Стигнавме до 2500+ активни корисници

Бројката од 2500+ активни ФитКит корисници е уште еден доказ дека фитнес и велнес индустријата се на добар пат кон дигитализација, а нашата апликација значително го олеснува тој процес. 📈

Драго ни е што сè повеќе корисници се стремат да имаат поедноставен и побрз пристап до активности што значат поздрав и поквалитетен живот.

5. Номинација за E-commerce Awards

„Со големо задоволство ве известуваме дека вашата компанија е успешно номинирана на Ecommerce Awards 2022 – избор на најдобрите во македонската е-трговија!” 🥳

Почнувајќи го денот со ваква порака во нашиот инбокс, ни беше уште еден доказ дека нашиот труд и напорна работа во е-трговијата се препознаени и валидирани од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM.

fitkit

Како дел од E-commerce Awards, ФитКит е номиниран во неколку категории:

  • Мобилна апликација за е-трговија на годината
  • Најдобра е-продавница основана од жена
  • Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината
  • Е-трговец на годината

Гласањето од публиката официјално сè уште трае (заклучно до 15.02.2023), а може да се гласа на овој линк. ⬅️

Навистина ќе ни значи твојата поддршка! 🙏

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore