Студио 60 е првото комплетно опремено STOTT PILATES®️ студио во земјава, целосно трансформирајќи го начинот на кој се изведува светски познатиот реформер пилатес тренинг. 🙌
Удобниот амбиент во кој се изведуваат тренинзите, најновите генерации на опрема, реквизити и методот на работа, го доближуваат концептот на светски познатите студиа за STOTT PILATES®️ и кај нас.
Овде може да вежбате со најновите генерации на Реформери (V2Max Reformer), Кадилак (Cadillac), Столици за стабилност (Stability Chair), Барел (Ladder Barrel) и аксесоарите што ги прават тренинзите значително позабавни.
Иако Студио 60 e oтворено на 1 февруари 2023, веќе ги бележи првите позитивни реакции од задоволните клиенти. 😊
Марија Кочевска, основач на Студио 60, објаснува како настанала идејата за отворање на ваков уникатен центар.
Со голема љубов кон спортот генерално и начинот на изведување на тренинзите на реформери, заклучив дека кај нас фалат можности за практикување на ваков вид на тренинзи. Па така, по година и пол едуцирање за STOTT PILATES®️ методот во странство, решив да го воведам и во Скопје.
Студио 60 ги нуди овие 3 вида на реформер пилатес тренинзи:
1️⃣ Power Reformer – Тренинг за подобра функционалност на мускулатурата што значајно го подобрува држењето на телото.
2️⃣ Cardio Performer – Тренинг за сила во комбинација со оптимизација на работата на кардио-васкуларниот систем.
3️⃣ Cadillac performer – Тренинг за сила со изолирани вежби на Кадилак што се изведуваат во работа еден-на-еден со личен STOTT PILATES®️ тренер.
Сите тренинзи се програмирани врз основа на 5-те актуелни принципи на STOTT PILATES®️ методот, кој е составен од повеќе од 500 системски вежби и истите се изведуваат на реформери и дополнителна опрема.
Бенефитите од редовно вежбање на STOTT PILATES®️ методот се многубројни:
✅ Подобра функционалност на моториката на телото
✅ Зајакнување на мускулите околу карлицата
✅ Издолжување и учење на правилно поставување на мултифидусот во функција на држење на телото спротивно на гравитацијата
✅ Зголемена свесност при изведувањето на вежбите
✅ Подобро расположение
✅ Подобра флексибилност, баланс и држење на телото
✅ Подобра техника при изработка на вежбите
✅ Активација на длабоките абдоминални мускули
✅ Подобар тонус на мускулното ткиво
Покрај овие реформер пилатес тренинзи, Студио 60 ги нуди и следниве услуги:
✅ Индивидуални, полуиндивидуални и тренинзи во групи од 4 лица.
✅ Персонализирани тренинзи за лица кои се опоравуваат од одредени состојби, со претходна дозвола и препорака од доктор за работа на одредена проблематика.
✅ Мануелни третмани: терапевтска масажа, спортска масажа, релакс масажа и антицелулитна масажа.
✅ Услуги за нега на телото: депилација, педикир и маникир.
Студио 60 е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на Студио 60, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на:
👣 улицата „Невена Георгиева Дуња” број 1 во општина Кисела Вода во Скопје.
За да бидеш во тек со сите новости на Студио 60:
📸 Следи ги на Инстаграм: @reformerstudio60
👍 Пиши им на Фејсбук: Reformer Studio 60
📧 Пиши им на мејл: contact@reformerstudio60.com
☎️ Јави се: 072 208 208
🌐 Посети го веб-сајтот: https://reformerstudio60.com/
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.