7 дена пробен период вежбање со матичен тренер и персонализирани водени тренинзи. Ова е новата опција што фитнес центарот Палестра им ја нуди на вежбачите за да им ги даде потребните ресурси да ги остварат своите фитнес цели. 🎯
Тања Дамјанова, новиот Генерален Менаџер на фитнес центарот Палестра, објаснува како настанала идејата за воведување на опцијата за матичен тренер.
Сакавме луѓето да добијат можноста да ја почувствуваат разликата кога вежбаш во супер модерен фитнес центар по највисоки стандарди. Целта ни е за времетраење од 7 дена, вежбачите да видат дека ова е најдобриот рекреативен центар во моментов каде што добиваат најдобра услуга и грижа, со водство од личен тренер.
Можноста за матичен тренер може да ја искористи секој што има желба да започне со физичка активност, без разлика дали претходно има вежбано во Палестра или не. 🏋️
За да се почне со користење на оваа можност, клиентот пополнува online апликација. Во рок од 24 часа го контактира некој од нашите тренери. Договараат термин за прва средба на којашто се прави прва прошетка низ фитнес центарот, in-body анализа и запознавање со целите на клиентот. Во следните денови, тренерот дава насоки и супервизија преку мобилната апликација MyFitKit.
Еве кои се краткорочните и долгорочните бенефити што како вежбач можеш да ги искусиш доколку се одлучиш да вежбаш со матичен тренер:
✅ Погодност: Корисниците можат да пристапат до тренинзи и насоки за правилно изведување на вежбите во време што најдобро се вклопува во нивните распореди.
✅ Персонализација: Матичните тренери можат да ги приспособат програмите на целите и потребите на поединецот.
✅ Ефективност: Поголема достапност на онлајн водените тренинзи за разлика од сесиите лице во лице.
✅ Разновидност: Пристап до широк спектар на тренинзи и вежби преку MyFitKit апликацијата.
✅ Одговорност: Редовната комуникација помеѓу клиентот и тренерот и следењето на прогресот ги одржуваат вежбачите мотивирани.
✅ Флексибилност: Корисниците можат лесно да менуваат тренери или тренинзи доколку е потребно.
✅ Заедница: MyFitKit нуди опција за креирање на групи и социјални функции за комуницирање и поврзување со останатите членови на Палестра.
Вежбање со водство и супервизија е најдобриот пат до стекнување на основите во фитнес вежбањето, како и постигнување на долгорочни резултати. 💯
Новините во фитнес студиото на Палестра не застануваат овде. Во план се многу нови проекти, објаснува Тања.
Размислуваме за нови проекти што ќе придонесат за зајакнување на заедницата во фитнес центарот преку различни социјални активности со вежбање. Пример е Palestra Cine Rides – филмски проекции во кардио секцијата на фитнес центарот коишто ќе ги најавиме наскоро на нашите социјални мрежи. 🎬
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.