Rituals studio: Intention + repeated action = Rituals

Под мотото Intention + repeated action = Rituals, фитнес центарот Rituals е позитивен пример дека кога станува збор за вежбање, не е до квантитетот на вежбањето, туку до квалитетот.

-Не ги ограничуваме вежбачите со термини. Може да доаѓаат кога имаат слободно време. А доколку немаат слободно време, имаме тренинг кој трае само 30 минути, велат од студиото.

Редовните вежбачи се на добар пат да го обликуваат телото од соништата со помош на функционален тренинг, јога и кардио, а за најлојалните клиенти има и попусти на членарината.

-70% од вежбачите кои што беа со нас на самиот почеток кога отворивме, уште вежбаат во Rituals. Забележливи се и драстични разлики во физичкот изглед кај редовните вежбачи.

Иако студиото функционира година и неколку месеци, она што го истакнува Rituals од другите фитнес центри е фокусот кон одржување позитивни мисли за здраво тело и здрав дух како најдобар начин да се максимизираат придобивките од тренингот.

Нови дисциплини, нови справи и нова локација е следно на агендата на Rituals. Дополнително, наскоро вежбачите ќе можат да си набават суплименти директно од студиото со што ќе го зголемат ефектот од вежбањето.

Доколку те мотивиравме да му се придружиш на тимот што ветува резултати, можеш да го посетиш нивното студио што се наоѓа на улица „Прашка” број 92, во населбата Тафталиџе во Скопје.

За да бидеш во тек сите новости на Rituals студиото, следи ги на следниве социјални мрежи:

Instagram: @rituals_studio

Facebook: Rituals

Rituals е уште еден член на ФитКит фамилијата.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂