Ако си од Битола, сигурно си слушнал/а за SHE Ladies Fitness Center, студиото кое веќе 6 години им помага на битолчанките да имаат згодни тела. 💃🏻
Марија Ѓурчиноска, основач на SHE Ladies Fitness Center раскажува како желбата за свое фитнес студио ја претворила во реалност.
Мојата кариера како фитнес инструктор започна во 2011 година. Работејќи со голем број на клиенти, честопати се среќавав со прашањето “зошто не се обидам да работам како фитнес тренер во сопствено студио”? Прашањето ме “прогонуваше” се додека не го сфатив сериозно. Па така се роди и желбата за отварање на фитнес центар, исклучиво за женската популација. Желбата ја имав, мотивацијата се искачи на највисоко ниво благодарение на најблиските, па така кон крајот на 2015 година одлучив да ги направам првите чекори за старт на мојот сон. После неколку месеци планирање и организирање, во mарт 2016 година започна со работа во SHE Ladies Fitness центарот со мене како сертифициран фитнес тренер. ✨
Еве кои дисциплини ги имаш на располагање во SHE Ladies Fitness Center:
✅ Фитнес
Дополнително, ја имаш и можностa да добиеш свој личен тренер. А за секој што ќе купи полугодишна или годишна членарина, добива попуст. 💯
Еве како од студиото ја одржуваат мотивацијата кај вежбачите:
Нашиот стручен тим им стои на располагање за секоја нивна потреба во секое време. Секој клиент добива секојдневни насоки за правилно изведување и комбинирање на тренинзите, па така нашите членови не “лутаат” по патот до постигнувањето на посакуваната цел. 💪
Во текот на следните неколку месеци од студиото најавуваат освежување на просторот и зголемување на бројот на реквизити и опрема. 🏋️
Се гордееме со потребата за менувањето на локација во двојно поголем простор и проширување на дејноста по само 2 години постоење. Горди сме на секојдневните постигнати цели на нашите клиенти, а воедно и нашите “основачи членови” кои непрекинато во овие 6 години се постојано заедно со нас. 🔥
Доколку те заинтересиравме и сакаш на своја кожа да ја почувствуваш динамичната атмосфера во SHE Ladies Fitness Center, можеш да го посетиш студиото што се наоѓа на улицата „Петар Петровиќ Његош“ број 121 (улицата кај Sвончарите) во Битола. 👣
A за да бидеш во тек со сите новости на SHE Ladies Fitness Center, еве како можеш да ги најдеш на социјалните мрежи:
📸 Instagram: @sheladiesfitnesscenter
👍Facebook: SHE Ladies Fitness Center
📧 E-mail: Lfc@gmail.com & Lfc.she@gmail.com
SHE Ladies Fitness Center е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Закажи си час преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore. Посети го студиото на SHE Ladies Fitness Center и пиши review како си поминал/а. 😊