Со MyFitKit до раст на твојот бренд како личен тренер, нутриционист или фитнес студио

my-fit-kit

Дали си размислувал/а колку ќе ти се олесни работата ако го автоматизираш креирањето планови за вежбање и исхрана, прогресот и комуникацијата со клиенти? 🤔

Зарем не би било навистина едноставно ако сите овие опции ги имаш со само неколку клика на твојот мобилен телефон? 📱

Ја креиравме MyFitKit токму со таа цел – да го олесниме твоето секојдневие, да ти помогнеме да работиш поефективно и да си ја зголемиш базата на лојални клиенти.

⬇️ Во следниве неколку минути, ќе прочиташ како MyFitKit ќе ти помогне да го развиеш твојот бренд и да си го дуплираш бројот на задоволни клиенти.

За кого е наменет MyFitКit?

MyFitKit е комплетна апликација (достапна на iOS и Android) што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

my-fit-kit

🏋️ Како фитнес тренерите можат да го користат MyFitКit?

Ако си фитнес тренер, еве 6 начини како MyFitКit може да ти помогне во секојдневните активности: 

✅ Можност за креирање персонализирани планови за вежбање од колекција од над 2000 вежби. За помалку од 60 секунди можеш да направиш уникатен тренинг што ќе одговара на потребите на твоите клиенти.

✅ Опција за менаџирање на поединечни клиенти или групи на вежбачи и правење безброј комбинации на клиенти со слични фитнес цели.

✅ Подготовка на интерактивни онлајн курсеви каде што ќе можеш во реално време да споделуваш со пораки, слики, видеа и линкови во текот на сесиите со учесниците на курсот.

Следење и увид во напредокот на клиентите (тежина, телесни масти, срцебиење, обем на одредени делови од телото и други метрики).

✅ Избор од над 4000 прехранбени производи и состојки за подготовка на нутриционистички план за исхрана според потребите на твоите клиенти. 

✅ Може да им дозволиш пристап на твоите колеги тренери дo MyFitKit апликација (нема ограничување на бројот на тренери што можеш да ги поканиш во платформата).

✅ Немаш потреба од дополнителни апликации за разговор, бидејќи MyFitKit ти овозможува да разговараш со твоите клиенти, групи на вежбачи или колеги тренери во реално време.

💪 Како фитнес студијата можат да го користат MyFitКit?

Ако си фитнес студио, еве што MyFitКit може да направи за подобрување на брендот на твоето студио:

✅ Можност за подготовка на интерактивни онлајн курсеви за одредени клиенти или групи на вежбачи за да им помогнеш полесно да ја постигнат својата фитнес цел.

✅ Колекција од над 2000 вежби од кои можеш да креираш планови за вежбање за помалку од 60 секунди.

✅ Следење и увид во напредокот на клиентите (тежина, телесни масти, срцебиење, обем на одредени делови од телото и многу други метрики).

✅ Опција за менаџирање на поединечни клиенти или групи на вежбачи и правење безброј комбинации на клиенти со слични фитнес цели.

✅ Соработка со твоите колеги од фитнес студијата во рамки на платформата.

✅ Можност да разговараш во реално време со твоите клиенти, групи на вежбачи или колеги.

my-fit-kit

🥑 Како нутриционистите можат да го користат MyFitКit?

Еве 5 начини како MyFitКit ти помага како нутриционист:

✅ Избор од над 4000 прехранбени производи и состојки со кои можеш да подготвиш детален нутриционистички план за исхрана според потребите на твоите клиенти. Имаш и можност да ги зачуваш твоите омилени видови на храна и оброците за да ги употребиш повторно.

✅ Следење и увид во напредокот на клиентите (тежина, телесни масти, срцебиење, обем на одредени делови од телото итн.).

✅ Подготовка на интерактивни онлајн курсеви каде што ќе можеш во реално време да споделуваш пораки, слики, видеа и линкови со твоите клиенти.

✅ Соработка со твоите колеги нутриционисти во рамки на платформата.

✅ Немаш потреба од инсталирање дополнителни апликации за разговор, бидејќи со MyFitKit можеш да разговараш со твоите клиенти или колеги нутриционисти во реално време.

Колку клиенти имаш – толку плаќаш 💰

Користењето на MyFitKit не вклучува месечни фиксни претплати или обврзувачки договори. Плаќаш само доколку имаш клиенти, а цената директно ти зависи од нивниот број. 

Ако сметаш дека опциите што ти нуди MyFitKit ти носат вредност, контактирај нè за да го започнеш го твоето MyFitKit патување уште денес! 🚀

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.