Што ако имам само јаже за скокање?

адам-вежбање-јаже
адам-вежбање-јаже

Дали си знаел/а дека скокање со јаже е поефикасно од трчање? 🤔

Истражувањата потврдуваат дека 10 минути вежбање со јаже троши исто калории како и 30 минути трчање! 🤯

Адам Глигороски од Фитнес Клубот Атлета, ќе ти покаже како на забавен начин да согоруваш калории и да го активираш целото тело со помош на јаже.

Пред да започнеш со овој реквизит, треба да ја знаеш основата на скокање со јаже,  бидејќи погрешното вежбање може да доведе до сериозни повреди. ⚠️

На пример: внимавај на должината на јажето. Ако застанеш во средина на јажето, рачките треба да ти бидат во висина на градите. 

Пробај повеќе варијации на вежби со јаже: 👇

  • Скокање на јаже со двете нозе истовремено;
  • Скокање на една нога;
  • Наизменично прескокнување од една на друга нога;
  • Двојно прескокнување;
  • Правење осмици со нозете;
  • Скокање наназад.

А пак, да постигнете најдобри резултати:

✅ Правете една варијација на вежба по 50-70-100 пати (зависи од кондицијата).

✅ Скокајте за време на утврден период (3-5-10 минути).

✅ Скокајте 2 или 3 пати во денот.

✅ Не вежбајте врз многу тврда подлога.

Предноста на јажето е тоа што може да се користи на било кое место каде што има простор за скокање, било да е тоа во паркот позади зграда или на отворен простор. Како недостаток би го издвоил единствено недостигот на координација во моторичкиот дел на почетниците, чиешто тело сè уште не е адаптирано на движењето. 

Ако сè уште не си убеден/а да почнеш да вежбаш со јаже, еве ти и неколку предности на оваа активност: 

✅ Ти се подобрува кардиоваскуларната и мускулната издржливост;

✅ Ќе имаш подобра координација и рамнотежа на телото;

✅ Добиваш затегнување на мускулите (нозе, раце, грб, стомак, рамена итн);

✅ Се елиминира најголемиот женски непријател на убавината – целулитот. 😍

Еве некои видеа што ќе те инспирираат да земеш јаже и да почнеш да скокаш уште денеска:

Дури и да успееш да издржиш само 15 секунди, не откажувај се! Твоето тело е посилно отколку што мислиш! 💪

За да вежбаш со Адам:

📷 Пиши му на Инста: @adamatleta

💬 Контактирај го на Фејсбук: Adam Atleta Gligoroski

адам-вежбање-јаже
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.