Дали треба да користиш ластик за отпор во твојот тренинг? 🤔
Без разлика дали си почетник, искусен вежбач, или се опоравуваш од повреда, одговорот е секогаш истиот – ДА!
Софија Манчева од SomaFit ти подготви тренинг за задник и нозе што може да се прави само со ластик за отпор.
Предноста на ластикот за отпор лежи во тоа што овој реквизит е доволен за почетен отпор за тренинг или за загревање. Недостаток е тоа што не нуди доволно голем отпор за активните вежбачи.
Тренинг со ластик за отпор
Времетраење на тренинг: околу 40 мин
Суперсет значи дека вежбите ги правиме една по друга без пауза помеѓу вежбите. Додека, од еден до друг суперсет има 45 до 60 секунди пауза.
✅ СУПЕРСЕТ 1:
-Jump squats
-Heavy squats
✅ СУПЕРСЕТ 2:
-Jump lunges
-Backward lunges
✅ СУПЕРСЕТ 3:
-Sumo squats
-Wall sit squats
✅ СУПЕРСЕТ 4:
-Curtsy lunges
-Kneeling squat with resistance band
✅ FINISHER:
-kickbacks
-hip thrusts
Еве како овие вежби изгледаат во пракса:
https://www.instagram.com/manchevas/guide/_/17969723869338813/?utm_medium=copy_link
Ако сè уште не те убедивме да му дадеш шанса на ластикот за отпор, еве ти уште неколку придобивки што ќе те предомислат:
✅ Идеален е за вежби за истегнување;
✅ Дава поголем отпор при обликување на мускулите;
✅ Има помал ризик за повреда при вежбање;
✅ Дава подобра рамнотежа на телото;
✅ Стекнуваш поголема сила и подобрен перформанс на телото;
✅ Постојат голем број на вежби што можеш да ги правиш со еден ластик;
✅ Евтин е и насекаде достапен;
✅ Одличен е за рехабилитација при повреда.
За да вежбаш со Софија: 💃
📷 Пиши ѝ на Инста: @Manchevas
💬 Контактирај ја на Фејсбук: Sofija Mancheva
Јас бев помеѓу првите тренери кај нас, што кога почна пандемијата, почнав да споделувам тренинзи за вежбање од дома. На тој начин, мојата програма за теретана премина и во програма за дома. Еве веќе цела година како на тие програми вежбаат над 1000 девојки. Целиот пристап кон мојата работа премина во online комуникација и тоа донесе многу предности. Многу луѓе сфатија дека и тренинзите од дома се доста успешни, се заштедува на време, а сепак можеш да постигнеш одличен резултат. 💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.