Дали ти е познато онаа чувство кога ти се вежба ама те мрзи да одиш до фитнес центарот? 🙈
Дали ти се случило да си седиш дома оправдувајќи се дека имаш само еден реквизит за вежбање со кој што не можеш да направиш никаков тренинг?
Ивана Каратукова, инструкторка по пилатес во студиото Powerhouse Pilates и наш FitKit Plus тренер ќе ти покаже дека не си во право. 💯
Ако дома имаш само пилатес топка, тогаш овој текст е за тебе!
Со еднa топка пилатес можеш да направиш разновиден и ефективен тренинг, а Ивана ќе ти покаже чекор по чекор како да го постигнеш тоа.
Еве еден краток тренинг од 6 вежби што можеш да го спроведеш само со користење на пилатес топка:
4 пленк вежби на раце стоејќи на топката
✅ Вежба 1:
✅ Вежба 2:
✅ Вежба 3:
✅ Вежба 4:
2 вежби од легната положба кревајќи ја топката со нозе
✅ Вежба 1:
✅ Вежба 2:
Секоја вежба се изведува одреден број на повторувања (10 до 20 пати) кои што се зголемуваат со секој нареден тренинг.
Затоа, дај го својот максимум! 💪
Предноста од пилатес топката како реквизит е тоа што ти се активираат и најдлабоките мускулни влакна, се активира јадрото на стомачните мускули. Истовремено, се вежбаат телото и умот да работат координирано за подобро изведување на вежбите. Ги тестираш своите лимити за издржливост и способност на своето тело. Единствената маана е што топката зафаќа поголем простор за чување за разлика од другите реквизити.
Доколку само што си купил/а пилатес топка и немаш искуство со вежбање со овој реквизит, првин научи како правилно да стоиш на топката а потоа фрли се во акција.
За да дознаеш повеќе за Ивана и да вежбаш со неа:
📷 Следи ја на Инста: @ivanakaratukova
💬 Пиши ѝ на Фејсбук: Ivana Karatukova
Онлајн тренинзите ќе продолжат да се практикуваат one way or another. Повеќе не може да имаш изговори како немам каде да паркирам, неможам да се организирам со децата, кнап ми е времето, итн. Оваа ситуација ни покажа дека има две групи на вежбачи: оние што се заљубија во онлајн тренинзите и оние што останаа верни на тренинзите во живо. Во која и група да си ти, само напред! 🙌
FitKit e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Дали знаеш дека со користење на FitKit претплатите добиваш ваучер со кој можеш да си купиш реквизити и опрема за вежбање?