Што ќе се случи ако претераш со суплементи?

Александарa-Крстевска

Колку често користиш суплементи за да ги подобриш резултатите од својот тренинг или едноставно да ја надополниш потребата на витамини во организмот? 

Дали ги земаш на своја рака или во консултација со стручно лице? 🤔

Како да знаеш дали доволно внесуваш суплементи и што ќе се случи ако претераш со нив? 👎

Одговорите на овие прашања ги дава Александра Крстевска во новата епизода на Wellcast with Josif

Александра е Магистер по фармација која работи во полето на испитување лекови и суплементи и нивното влијание на здравјето на луѓето.

suplementi

Што е разликата помеѓу природни и синтетски суплементи?

Луѓето се премногу исплашени од синтетски молекули, а забораваат дека ако не секој ден, барем редовно земаат лекови – а тоа се синтетски соединенија. 💊

Денес постојано се промовираат “природни суплементи” екстрахирани од некоја овошка или билка. Но, никој не размислува за тоа дека ти да го екстрахираш воопшто тој витамин, мораш да употребиш некој реагенс за да го извлечеш тоа што ти треба, а не да ги додадеш сите витамини што ги има во таа овошка или билка.

Не постојат 100% природни суплементи, секаде има додадено помалку или повеќе синтетски соединенија.💡

Луѓето читаат 100% природно или 100% органско, но не знаат дека всушност природните молекули се доста нестабилни и на пазарот речиси и не постои некој 100% природен производ. За да можеш нешто да го направиш во вид на таблета, капсула или прашок, ти мораш да искористиш нешто од синтетско потекло за воопшто да добиеш таква форма. Мораш да додадеш нешто за подобрување на вкусот, за подобрување на стабилноста на материјата, итн. 

suplementi

Голем број истражувања покажуваат дека ако земеш витамин Ц од ацерола или синтетски витамин Ц, нема да имаш никаква разлика во однос на апсорпцијата. Но, ако земеш овошка ацерола, многу е поголема е биорасположливоста на витаминот Ц. 🍒

Кога станува збор за витаминот Е, се верува дека природниот витамин Е има поголема биорасположливост и повеќе се задржува во организмот. Затоа, се препорачува секогаш да се консумира природен витамин Е, отколку суплементи со витамин Е. 

Што ќе се случи ако претераш со суплементи?

Треба да се земаат колку што е можно помали дози. На пример, земање Витамин Ц од 500 милиграми е сосема доволно. Дози над тоа, дури и ако имаат продолжено ослободување, нема да направат голема разлика. Организмот ќе апсорпира само до 500 милиграми, а другото ќе го исфрли. 

Ако човекот претера со големи дози на витамини, може да настане хипервитаминоза. Ова е особено опасно кај витамините А, Е и Д, бидејќи тие подолго време остануваат во телото на човекот. ❌

Најдобро е да консумираш витамини преку храна, а ако некој витамин ти недостига, подобро е да се информираш во која храна можеш да го најдеш истиот и на тој начин да го внесеш во организмот.

suplementi

Што е подобро: еднонутритивен суплемент или мулти?

На пример, доколку човекот зема суплемент затоа што смета дека не консумира доволно овошје, ќе посегне по таблета витамин Ц. Но, човекот заборава дека можеби има недостаток и на витамин А, калиум итн. Кај одредени групи на луѓе како постари лица или вегани, има специфично отсуство на одредени витамини или минерали. Во овие случаи е подобро да се консумира еднонутритивен суплемент. 👌

Доколку целта ти е на своја рака да земаш витамини, подобро е да консумираш мултивитамини за да се осигураш дека ќе ги добиеш неопходните витамини и минерали во ограничени и безбедни дози.

Како да знаеш дали внесуваш доволно суплементи?

Најдобар начин да дознаеш кои витамини и минерали ти фалат е преку детална крвна слика. 🩸

Правењето крвна слика може најточно да ти каже што точно ти недостига во исхраната. Ако крвната слика покаже дека некои суплементи се многу под долната референтна граница, тоа е очигледен знак за недостиг што треба да се надомести преку исхрана или суплементи.

Погледни ја целата епизода на Wellcast with Josif:

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore