Веќе реши дека од 2023 година ќе почнеш да вежбаш редовно. Дури имаш на ум и неколку фитнес дисциплини на кои сакаш да им дадеш шанса.
Прашањето што ти остана неодговорено е: Дали да вежбам сам/а или со тренер? Што би било подобро за мене и зошто? 🤔
Филип Боцевски, еден од најбараните онлајн фитнес тренери во земјава и дел од тимот на фитнес центарот Palestra го има одговорот.
Филип веќе 12 години им помага на своите клиенти да постигнат екстремни резултати за краток временски период, без разлика дали имаат претходно искуство со фитнес или не и без користење на PED (performance enhancing drugs). 🙌
3 најчести заблуди за вежбањето со тренер
❌ Заблуда #1: За краток временски период ќе постигнеш видливи резултати
Ова е многу неточна информација. Доколку не сте вежбач, првите визуелни видливи резултати ќе ги имате по само 1 месец тренинзи со добар тренер. Секако тоа зависи и од вашата цел. Но, доколку се придржувате кон советите на вашиот тренер и по 6 месеци немате никаков видлив резултат, тогаш треба да се запрашате дали вашиот тренер е компетентен да биде задолжен за грижата на вашето здравје или е тука само за да извлече што е можно повеќе време, a со тоа и повеќе средства од вас. 💡
❌ Заблуда #2: Твојот тренер е 100% одговорен за твоите одлуки и постапки
Многу почетници мислат дека нивните тренери се константо одговорни и задолжени за нивното здравје, а притоа без да се придржуваат кон советите и насоките кои им се дадени. Целта на тренерот е да ве води низ самиот процес кон остварување на вашата цел. Меѓутоа, тој/таа не може да биде одговорен за секоја погрешна одлука што ќе ја направите надвор од вашите тренинг сесии и притоа вклучува скршнување од вашиот тренинг и нутритивен план. 👀
❌ Заблуда #3: Споредување со луѓе што вежбаат со тренер со години
Најчеста грешка што ја имам сретнато е нералистична компарација на почетници, па дури и понапредни вежбачи со фитнес модели, натпреварувачи и инфлуенсери коишто имаат посветено долг период од својот живот за да изгледаат така. Секако дека е убаво да црпиме инспирација од нашите идоли, меѓутоа треба да бидеме објективни и да разбереме дека секој индивидуалец има различна конституција, различна генетска структура, oсобини кои нè прават посебни, а во тоа лежи и целата убавина на фитнесот. Секој индивидуалец треба да го постигне својот потенцијал без да се обидува да го имитира изгледот на некој друг, затоа што сите сме уникатни! ✨
Топ 3 придобивки од вежбање со личен тренер
✅ Придобивка #1
Менталната поддршка која ја добиваме за време на тренингот. Доколку вежбаме сами понекогаш нема да бидеме во состојба да го извадиме својот максимален перформанс од нашето тело. Затоа, секогаш е полесно кога имаме некој покрај себе кој ќе нè мотивира и ќе ни помогне да направиме ефективен тренинг.
✅Придобивка #2
Усовршување на правилна техника за изведба на вежби со цел да се избегнат несакани повреди и последици.
✅Придобивка #3
Стекнување на дисциплина и позитивна навика која ни помага кон реализирање на нашата зацртана цел, која иако може ви делува како незначајна, може да има позитивно влијание врз друго поле од нашиот живот.
За разлика од вежбањето со тренер, доколку вежбаме сами, не правиме рестрикција во однос на времето кое го посветуваме за да направиме тренинг. Притоа максимално се фокусираме кон изведба на вежбите и правиме поефикасен тренинг бидејќи обрнуваме повеќе внимание и време кон себеси. 🏋️
Вежбање сам/а vs. вежбање со тренер
🤔 Ако се уште се двоумиш дали да ангажираш личен тренер или да продолжиш да вежбаш сам/а, еве што ти препорачува Филип:
Доколку сте почетник и немате познавање, или сте напреден вежбач, а немате мотивација, насока или јасна цел, ангажирањето на тренер е можеби една од најдобрите одлуки коишто може да ги направите кога станува збор за вашето здравје. Едноставно пробајте! Можеби ќе ви се допадне, можеби ќе се пронајдете во фитнесот, но не претпоставувајте “што би било кога би било” без притоа да не преземете ништо кога станува збор за вашето физичко и ментално здравје.
Ако имаш дополнителни прашања за Филип или сакаш да вежбаш со него, еве каде можеш да го најдеш:
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Filip Bocevski
📸 Пиши му на Инстаграм: @filip.bocevski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.