10 начини како да се мотивираш да вежбаш при високи температури

vezbanje-leto

Колку често оваа лето си не си се појавил/а или си откажал/а вежбање бидејќи надвор е 40 степени? 🥵

Дали си даваш изговори од типот „Летото не е време за вежбање. Ќе започнам од септември!”😳

Како да се мотивираш себеси да вежбаш дури и кога температурите се високи?

Во следниве неколку минути ќе го откриеш одговорот. ⬇️

✅ Начин #1

Оди на вежбање во периоди од денот кога не е толку топло како рано наутро или доцна навечер. На тој начин, високите температури нема да ти се изговор да не се појавиш на закажаниот термин.

✅ Начин #2

Пиј доволно вода, за време и по тренингот. Дехидрацијата може да предизвика умор и намалена мотивација.💧

vezbanje-leto

✅ Начин #3

Облеката за тренинг во зима, не треба да биде истата како и во лето. Избери лесни материјали што му овозможуваат на телото да дише и да се лади при физичка активност.

✅ Начин #4

Вежбај во затворени простории што имаат добра климатизација. На тој начин ќе избегнеш директна изложеност на јаката сончева топлина.

✅ Начин #5

Договори вежбање со пријател за да ги зголемиш шансите дека ќе останеш доследен/а на вежбањето што сте го договориле.

vezbanje-leto

✅ Начин #6

Награди се себеси после тренинг со добро пиво, сладолед, гледање Нетфликс, итн. 🍺

✅ Начин #7

Слушај подкасти како Wellcast with Josif или мотивирачка музика како нашите плејлисти за вежбање на Инста.🎧

✅ Начин #8 

Експериментирај со нови дисциплини. Кликни на овој линк за листа со идеи што сѐ може да вежбаш оваа лето

✅ Начин #9 

Постојано потсетувај се на сите физички и ментални придобивки што ќе ги добиеш од вежбањето. Може дури и да си ги запишеш придобивките заедно со твоите фитнес цели за постојано да ти бидат пред очи. 

✅ Начин #10

Секогаш слушај си го телото. Ама баш секогаш! Ако се чувствуваш заморно или не можеш да се фокусираш на вежбите, подобро да престанеш и да се одмориш, отколку да ти се слоши.⚠️

vezbanje-leto

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore