Вики Балшевска е наш MyFitKit тренер со голем број на успешни трансформации и задоволни клиенти зад себе. 🚀
Професионален, искрен, позитивен пристап исполнет со корисни совети и мотивација за започнување на здрав начин на живот и задржување на истиот, е нејзината појдовна точка кога работи со клиенти.
Да се биде успешен личен тренер навистина бара искуство и способност брзо да го процените клиентот и да пронајдете што би го мотивирало до крај на целта. Секако, покрај тоа да бидете професионални, секогаш искрени, позитивни и да им давате корисни совети за подобрување на нивната форма и навики, треба да пронајдете што е она што најмногу би го мотивирало клиентот и да знаете кога и како да го примените кога е тоа потребно. Мојот пристап за да останат мотивирани во текот на целото фитнес патување горенаведеното плус мнооогу дисциплина. 😊
Со Вики како твој личен тренер во џеб, можеш да ги пробаш следниве програми:
🏋️ Ultimate Beginners Gym Program – Start Your Journey: програма наменета за почетници, оние кои за првпат се запознаваат со вежбање во теретана или имаат направено поголема пауза од вежбање.
🏋️ WEIGHT LOSS Workout Plan – FIT BODY START UP: програма наменета за сите оние кои веќе имаат искуство со вежбање во теретана или на отворено.
Ако се одлучиш да ѝ дадеш шанса на некоја од програмите на Вики, ќе ги искусиш на своја кожа следниве придобивки:
✅ Подобра форма на телото.
✅ Поголема сила, издржливост и агилност.
✅ Усвојување на здрави навики, константност, истрајност и дисциплина.
Според мене, кога работите 1 на 1 со клиенти е многу важен. Мојот пристап е секогаш професионален, искрен, позитивен, исполнет со корисни совети и мотивација за започнување на здрав начин на живот и задржување на истиот.
Пасијата да биде физички активна и да им помага на луѓето да го трансформираат своето тело започнала уште од најраното детство. 🤸♀️
Уште од најрани години сум физички активна со различни спортови и танци. И таму секогаш бил имплементиран фитнесот со мноштво задолжителни вежби. Се пронајдов себеси во тој начин на живеење. Здравиот начин на живот, секојдневното вежбање, дисциплината што тоа ја бараше ме правеше среќна и комплетно исполнета. Потоа ја вклучив и теретаната, како дел од мојот секојдневен живот. Подоцна започнав моето знаење да го пренесувам на други. Имав желба да им помагам и на другите, бидејќи сфатив дека тоа ме прави уште посреќна, да можам да ги упатам во здравиот начин на живот. Тоа ми беше голема мотивација да ја работам оваа работа со години како лиценциран фитнес тренер. Од тогаш, имам многубројни успешни трансформации и задоволни клиенти. 🙌
Денес, таа е еден од најбараните фитнес тренери во земјава која што постојано ги следи новите, модерни начини на вежбање.
Онлајн вежбањето станува сè поактуелно. MyFitKit апликацијата нуди разновидност на понуди и достапност на тренинг во секој момент. За секој клиент подготвувам индивидуална програма, со многу внимание и посветеност. Има прашалник кој се пополнува на почетокот и од тука се продолжува кон остварување на нивните фитнес цели.
За да дознаеш повеќе за Вики како тренер:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Balsh Viki
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ms.balsh
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Violeta Balshevska
За повеќе детали за MyFitKit програмите на Вики Балшевска, кликни на следниов линк: ➡️ https://fitkit.trainero.com/shop/marketplace/coaches/viki-balsevska
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.