Како да бидеш здрава и успешна компанија во чекор со времето?

Владимир-Дунгевски

Ако поминуваш 8 часа и повеќе дневно на своето работното место, сигурно многу ти влијае атмосферата што владее во твојот тим, меѓучовечките односи, мотивациите, фрустрациите на секој член на тимот. 👀

Како да го зачуваш своето ментално здравје при брзите промени на работното место? 

Како да го негуваш и подобриш тимскиот дух, но и добро да го избалансираш својот професионален и приватен живот?

Одговорите на овие прашања ги дава Владимир Дунгевски од Одделот за обуки и развој на Seavus во новата епизода на Wellcast with Josif. ⬇️

Како се гради здрава и стабилна корпоративна култура?

Корпоративната култура е основен постулат на кој што се базира унифицираноста на компанијата. Ако ја немаме таа база што треба да им каже на вработените како ние функционираме и како се однесуваме, ние имаме “расштиман оркестар”. 😳

Корпоративната култура делува како апстрактен концепт, но е многу мерлива категорија. Колку ти ја поседуваш мојата корпоративна култура, јас можам да видам преку твоето однесување и колку тоа е во согласност со вредностите на компанијата. Столб на културата се вредностите, а културата се манифестира во сè што правиме: како носиме одлуки, како мотивираме луѓе, како комуницираме, како вработуваме луѓе, како решаваме конфликти и слично. Затоа, главни постулати на корпоративната култура во Seavus се луѓето, знаењето, фокус кон идните трендови, да понудиме нешто повеќе од она што ни го побарале клиентите, секогаш да бидеме проактивни, асертивни и независно да одиме напред, без да има потреба некој да нè турка напред.

zdrava-moderna-kompanija

Како да им се овозможи на вработените да имаат силно чувство на припадност во компанијата?

За да имате доверба во вработените дека ќе си ги завршат задачите, без да има потреба од микроменаџирање, треба да се креира компаниска култура на доверба. 🫴

За почеток, процесот на селекција на соодветни кандидати е навистина важен. Кога ги бираме потенцијалните вработени, едни од критериумите се знаењето и експертизата што ја поседуваат, но исто така се битни и есенцијалните вештини: како комуницирате со тимот и надвор од тимот, со клиентите, како одговарате во пишена форма, како си го организирате времето, како работите во рамки на тим, итн.

Како до подобрување на психичкото здравје и животниот баланс кај своите вработени?

Денес кога зборуваме за work-life balance, не зборуваме за строга граница помеѓу приватно и професионално време, туку да се има барем уште една сосема различна активност од она што го правиме на работа за да не нè изеде монотонијата на секојдневието. На тој начин, ќе се избалансираат ефектите на монотонија што ќе се јават после некоја година, ако ништо не се промени. 💡

Кога долго време не излегувате од зоната на комфорот каде што сè се случува на автопилот и ништо не се менува, секој ден ви е 90% ист како претходниот. Некој период, во ред е ако е така, но ако на овој начин функционирате година, две, доаѓа до прегорување (burnout). Еден начин на борба со таа монотонија, зголемување на чувството на припадност кон компанијата и размрдување на динамиката е преку воведување дополнителни активности во рамки на компанијата како wellbeing програми – јога, аеробик, теретана, масажа, панел дискусии, настани, забави, итн. 

Погледни ја целата епизода „Биди здрава и успешна компанија во чекор со времето”: ⬇️

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore