Зоки Петрески – MyFitKit remote coach

zoki-petreski

Со повеќе од 13 години искуство со фитнес и бодибилдинг, од кои 5 години како професионален бодибилдинг натпреварувач и четирикратен шампион на Македонија во бодибилдинг, Зоки е врвен професионалец во оваа област кој се стреми да им помогне  на сите луѓе коишто сакаат да постигнат одредени резултати и цели во врска со својот изглед и физичка состојба. 🏆

zoki-petreski

Зоки е еден од тренерите кој како дел MyFitKit апликација ги води следниве програми: 

Muscle mass – програма за зголемување мускулна маса за мажи

Weight Loss – програма за жени

Weight Loss and muscle tonus – програма за мажи

Фит тренинг – програма за жени

zoki-petreski

Како твој MyFitKit remote тренер, Зоки ќе ти понуди стручна и персонализирана изработка на планови и програми за вежбање и исхрана, постојан надзор и помош во целиот процес со цел постигнување на посакуваната форма и физичка подготвеност.

А еве кои бенефити можеш да ги искусиш на своја кожа од неговите тренинзи: ⬇️

Најпрво, промена на животниот стил и животните навики кон подобро, промена на исхраната со исфрлање на сите штетни и непотребни намирници и внесување на здрави, хранливи и корисни намирници. Потоа, подобрување на физичката и кондициона спремност, подобрување на физичкиот изглед и подигање на самодовербата.

zoki-petreski

Преку уникатен, персонализиран пристап и доза на хумор, тој им помага на своите клиенти да ги остварат посакуваните резултати. 🎯

Со клиентите најпрво разговараме околу нивната цел, што би сакале да постигнат, за колкав временски период, каков е нивниот сегашен животен стил, како се хранат и дали се подготвени да внесат промени и да се придржуваат кон новите навики и начини на функционирање. Потоа, започнуваме со креирање на персонализирана тренинг програма и програма за исхрана. Постојано го следам нивниот напредок, им укажувам на постигнатите промени, не дозволувам да им падне духот и мотивираноста. Постојано им ја потенцирам зацртаната цел и тоа колку е достижна за да бидат истрајни и доследни кон неа. За време на тренинзите, обожавам да внесувам ведрина и хумор во текот на целиот тренинг со цел полесно и побезболно совладување на истиот. 

zoki-petreski

За да креира персонализирана фитнес програма, Зоки прави детална анализа на своите клиенти, а потоа, врз основа на тоа, ја спрема најефективната програма што ќе даде резултати на краток и на долг рок. 🏋️

Најпрво се прави анализа на секој клиент во врска со начинот на живот, исхраната, моменталната физичка и здравствена состојба. Според овие параметри, најпрво се започнува со едноставни базични тренинзи. Потоа, се зголемува интензитетот и динамиката на тренинзите, секако фокусирајќи се на таргет метриките според потребите на секој клиент.

zoki-petreski

Тој ги повикува сите оние коишто имаат желба да направат промени во својот изглед и психо-физичка состојба и се спремни да преминат на здрав начин на живот да му дадат шанса на овој иновативен начин на вежбање преку водени тренинзи.

MyFitKit апликацијата е достапна и пристапна за секого без оглед на местото на живеење. Таа содржи цела палета на тренинг програми за сечии потреби. Тренинзите може да се изведуваат во било кој фитнес центар достапен според можностите на корисникот. Тренинзите не се ограничени со термин, туку, секој корисник има слобода во било кој период од денот да го реализира тренингот. 🤸‍♀️

За да дознаеш повеќе за Зоки како тренер:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Zoki Petreski

📸 Пиши му на Инстаграм: @zoki_ifbb_athlete

За да дознаеш повеќе детали за програмите на Зоки, кликни на следниов линк: ➡️ https://fitkit.trainero.com/shop/marketplace/coaches/zoki-petreski 

my-fit-kit

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.