4 причини зошто треба да воведете велнес апликација како компаниски бенефит уште денес

Како вработени, често жонглираме со бројни одговорности, подложени сме на стресни ситуации и крајни рокови. Во овој динамичен бизнис свет, често и забораваме да се грижиме за своето физичко и ментално здравје. 👀

Еден брз и ефикасен начин за поддршка на здравјето на вработените е воведување на велнес апликација како компаниски бенефит. Оваа иницијатива има докажано бројни придобивки како за самите вработени, така и за успехот и профитабилноста за компанијата.

Ако сè уште не си сигурен/а дека на вашата компанија ѝ е потребна велнес програма, тогаш веруваме дека до крајот на читањето на овој текст, ќе ти го промениме мислењето. 💯

✅ Причина #1: Зголемена продуктивност и ангажираност во извршување на работните задачи

Предноста на велнес апликациите е тоа што нудат цел спектрум на активности за вежбање, релаксација, социјализација и разговор со психолог. На овој начин, вработените ги имаат на дланка сите потребни ресурси за да го подобрат своето ментално и физичко здравје.

Преку промовирање на здравите навики и активниот и здрав начин на живот, компаниите ги намалуваат отсуствата од работа на вработените поради болести или други здравствени проблеми. 

И самата статистика ги покажува придобивките: 

✅ Причина #2: Намалување на здравствените трошоци

Преку стимулирање на превентивни мерки за подобрување на здравјето на вработените,  се намалува ризикот од хронични здравствени состојби, отсуства поради болести, компензацијата за инвалидитет на работниците, надомест за замена на вработениот што е спречен да работи, итн. 

✅ Причина #3: Зголемување на приходот по вработен

На прв поглед, зголемувањето на профитот на компанијата делува неспојливо со инвестирањето во здравјето на вработените. Но, компаниите што имаат инвестирано во велнес апликации, веќе ги вкусуваат плодовите на успехот.

Она што малкумина го сфаќаат е дека физичката неактивност на своите вработени е тивка епидемија што претставува значителен ризик за индивидуалното здравје и ефикасноста на бизнисот. 

Овие бројки уште еднаш ја нагласуваат итната потреба бизнисите да ја елиминираат физичката неактивност како критичен фактор што влијае врз нивниот профит.

✅ Причина #4: Помал ризик дека вработените ќе ги заминат

Самото воведување на велнес програма покажува дека компанијата не ги гледа вработените само како заменлив ресурс, туку навистина се грижи за тие да бидат својата најдобра верзија на работното место и да ги ослободат своите потенцијали.

Кога вработените што знаат дека компанијата навистина се грижи за нив, тие остануваат лојални и не пребаруваат огласи за работа за време на паузите. На тој начин се намалуваат трошоците за нови вработувања и обуки за идни колеги што ќе почнат од почеток.

Како да воведете корпоративна велнес програма во вашата компанија?

Досега веројатно сфати колку велнес програмите имаат потенцијал да подобрат многу корпоративни аспекти како компаниската култура, ангажираноста на вработените, зголемувањето на профитот, намалување на непотребни трошоци за отсуства и здравствени проблеми, итн.

Сепак, за да се искористиат сите овие придобивки, треба да се најде решението што дава најголема вредност на вашата организација и е најмногу релевантно за потребите на тимот. 💯

Сакаш да дознаеш повеќе како да креираш велнес култура во рамки на компанијата каде што работиш?

Закажи си средба со тимот на ФитКит на ОВОЈ ЛИНК. ⬅️

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore