Ангела од Струмица: На луѓето им е полесно да седат во кафуле, отколку да инвестираат во своето…

ФитКит инспирација: Ангела Дончева од Струмица

ФитКит инспирација: Ангела Дончева од Струмица

Ќе ја сретнеш како вежба во едно од најпопуларните фитнес студија во Струмица — Pulse Fit, од глава до петици облечена во нејзината омилена боја — црна.

Најчесто ќе ја видиш како вежба со партнер поради, како што вели, физичката и психичка поддршка што си ја разменуваат.

Запознај ја Ангела Дончева од Струмица, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Омилена активност веќе две години ми е фитнесот, а сето тоа го започнав поради две причини. Едната беше да си ја вратам килажата и кондицијата која ми беше изгубена поради здравствени причини, а втората беше мојот тренер и другар Софија Манчева. Во неделата вежбам 3–4 пати. Тоа најчесто се случува од 18–20h и мојот тренинг трае 1ипол саат.

Иако додека вежба, често ја прашуваат „Не те мрзи?!”, Ангела си останува доследна на својата цел — да качи мускулна маса уште 3–4 кг и да си го обликува телото од соништата.

Нејзината инспирација е Katarina Perunicic.

ФитКит инспирација: Ангела Дончева од Струмица

Луѓето немаат континуитет за вежбање бидејќи се мрзливи и подобро им е да седат во некое кафуле, одколку да инвестираат време во своето здравје. 😳 Еј луѓенца, нема цел живот да сме млади!

Затворањето на фитнес центрите воопшто не влијаеше врз фитнес рутината на Ангела.

Таа си продолжила да вежба по 3 пати неделно дома користејќи ластици и ранец полн со книги. 😁

Онлајн вежбањето се покажа како реално многу поефикасно, брзо, особено за луѓе — workaholic. А за среќа, од ФитКит ми стигнуваше нотификација да ме потсети дека и јас треба да вежбам.

A eве како Ангела си ја прилагодува фитнес рутината со пандемијава: 👇

Готвење, вежбање, одгледување цвеќиња, DIY проекти, читање книги. And that’s it! Live. Love. Pray. 🙏 ❤️

ФитКит инспирација: Ангела Дончева од Струмица

За Ангела, исхраната е најважната состојка за здрав и активен живот. Затоа кога вежба, не користи суплементи, туку се што внесува е на природна база.

Ниту еден нејзин оброк не поминува без зеленчук. Честопати умее да се награди и со по некој ред чоколадо (иако се труди да го сведе благото на минимум). 😋

Во слободно време сака да планинари и вози mountain bike. Затоа, ако сакаш да бидеш сведок на нејзините несекојдневни авантури, слободно заследи ја на Инста @donch.a.

Btw. She is free and happy! 😜


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.