Вежбам за да трошам калории: Зошто е ова погрешна стратегија?

Ако си од оние што вежбаат само за да ги потрошат калориите од она што го изеле за ручек, му правиш повеќе штета отколку корист на телото.

Ако продолжуваш со изговори од типот „ќе изедам уште една палачинка, ама ќе вежбам 10 минути повеќе на лента”, тогаш твојата фитнес стратегија е сосема погрешна.

Вежбањето е клучот за трошење калории и губење прекумерна тежина, но најновите истражувања во фитнес индустијата покажуваат дека дури и да вежбаш активно, нема да ги добиеш посакуваните резултати се додека не си скратиш и од калориите што ги внесуваш.

Не постои магична формула за слабеење. Напротив, равенката е сосема едноставна — слабееш само ако трошиш повеќе калории отколку што консумираш.

Или со други зборови, за да ја намалиш телесната тежина, треба или да ги намалиш калориите што ги внесуваш преку исхраната или пак, да согориш повеќе калории преку вежбање.

Не заборавај дека правилната и избалансирана исхрана ќе ти даде повеќе сила и енергија и ќе имаш подобар и поефикасен тренинг. Истовремено, ќе ти помогне многу полесно да ги регенерираш мускулите по вежбањето.

Сепак, има голема разлика дали ќе вежбаш најаден или гладен. Твоето тело реагира различно на вежбањето во зависност од тоа дали си јадел нешто или не непосредно пред самиот тренинг.

Дали да јадам пред или после тренинг?

Одговорот на оваа прашање зависи од должината и тежината на тренингот.

Ако вежбаш гладен, ќе согориш повеќе масти бидејќи твоето тело ќе биде поттикнато да ги користи мастите како енергија.

Сепак, ако тренингот ти е подолг од еден час и бара од тебе многу повеќе енергија, за да постигнеш добар перформанс и подобри резултати најдобро е да си каснеш нешто пред тренинг.

На крајот на денот, се се сведува на тоа колку умешно ја балансираш твојата исхрана со вежбањето, како два најважни фактори што директно ти влијаат врз здравјето и долговечноста.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂