Вежбање секој ден во исто време: Да или не?

Ако сметате дека вежбањето секој ден во исто време ќе ве донесе до посакуваната тежина или ќе ве направи фит — грешите.

Сите знаеме колку вежбањето е важно за добрата форма и за здравјето и кога и да вежбаш ќе ти го подигне расположението и енергијата, но не му дозволувај на твоето тело да остане во зоната на комфорот.

Напротив, изненади го телото!

Фитнес експерите препорачуваат да експериментираш со термини за тренинг. Еден ден вежбај наутро, еден ден после работа, а другиот пред да си легнеш.

Често менување на терминот во кој што вежбаш е само пола добиена битка. За најдобри резултати се препорачува да комбинираш повеќе дисциплини.

На пример, ако 3 пати неделно одиш во теретана, одвој еден ден од неделата да се релаксираш на базен. Но, ако си јога ентузијаст, добро ќе ти дојде и кардио тренинг.

На телото не му е толку важно дали вежбаш дење или ноќе, туку правилно да ги правиш вежбите и сето тоа да го комбинираш со соодветна исхрана и здрав сон.

Од една страна, рутината или постојаното придржување кон еден распоред може да биде добар начин за мотивирање на умот и припрема на телото за стресот што ќе го доживее. Но, од друга страна, ако си премногу строг околку твојата рутина и распоред, може да биде и контрапродуктивно.

Ако вежбаш секој ден во 7 часот навечер, а си заглавил на работа до 8, не значи дека треба да прескокнеш тренинг, нели?

Токму затоа, фитнес центрите најчесто се отворени до подоцна, со цел да им се пружи на вежбачите флексибилно време за тренирање.

Секако, секое тело си има свој уникатен ритам. Рутината може да функционира за некои луѓе, а за други не.

Најдобро е да си направиш експеримент.

Пробај една недела да вежбаш секој ден во исто време, а другата да го менуваш терминот за тренинг, па самиот процени што ќе ти донесе подобри резултати.

Не заборавај дека секогаш треба да имаш барем 15–20 часа пауза помеѓу тренинзи за опоравување на телото и не се препорачува да вежбаш повеќе од 5 пати неделно доколку немаш високи амбиции во спортот.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂