Што ако имам само еднорачен тег?

Елисавета Димовска
Dumbells_Елисавета

Ако се уште не си сигурен/а дали импровизирање со домашни реквизити е добра идеја, одговорот е ДА! 😁

Доколку немаш тегови, шишиња вода ќе ти завршат добра работа, особено за тренингот што Елисавета Димовска од битолското студио X – Fit Bitola ти го спреми за денеска.

Овој тренинг можеш да го изведеш со еднорачен тег (dumbells) или шише од 6 литри вода:

Загревање:

Принцип на работа: Во 1 минута треба да се направат одреден број на повторувања. Ако остане време во таа минута се одмара. Ако не, мора да се премине на следна вежба. 

Овие повторувања ги правиш во 4 серии за време на 12 минути. 

☑️ Goblet Squat 

☑️ Исчекори наназад

☑️ Wall sit

Главен дел:

Принцип на работа: Во 3 минути треба да се заврши 1 серија од 3те вежби, па 2 минути одмараш и го повторуваш истото се додека не стигнеш до 5 серии (25 минути вежбање). 

☑️ Thrusters – 20 повторувања

☑️ Burpee преку тежина – 15 повторувања

☑️ Worm crawls – 10 повторувања

Како недостаток на шишето вода за овие вежби е ограниченоста во движења. Кај еднорачен тег недостаток би било тоа што по одреден временски период би било потешко да се додава прогресија на тренинг. Предност е што е лесно достапен реквизит и можe да се користи и кога вежбаш надвор.

За да дознаеш повеќе за Елисавета и да вежбаш со неа: ⬇️

📷 Следи ја на Инста: @elisavetadimovska

💬 Пиши ѝ на Фејсбук: Dimovska Elisaveta

Пронајдов нови начини за работа со клиенти и како онлајн да работам и вежбачи кои не се само со живеалиште во Битола. Сфатив колку важен дел од денот и животот ми е тренинрањето на моите клиенти и знам дека ќе направам сè за секогаш да имаат најквалитетен тренинг. 💪

Dumbells_Елисавета

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.