Зошто треба барем еднаш месечно да одиш во спа?

Play Fit Move Spa

Ако редовно ги посетуваш спа центрите, веќе ти е јасно дека си заминуваш со чувство како да лебдеш во воздух, освежен/а и целосно ослободена со стресот. 😇

Ако досега не си бил/а во спа или ретко те носи патот натаму, овој текст ќе ти го промени мислењето. 👇

Спа третманите не се ништо ново. Користењето на минералните води датира уште од античко време, а најмногу било распространето во Европа и Јапонија.

Самиот термин „спа“ има потекло од градот Спа од Белгија. Таму, се верувало дека водата што ја користат е лековита.

Денес, спа третманите се многу повеќе од базен со термална вода. Тие вклучуваат разни видови на масажи и третмани на телото, сауни, инфрацрвени соби, парни и солени бањи, џакузи, итн.

Play Fit Move Spa

Зошто се препорачува посета на спа центарот во зима? ⛄️

Во зима твојата кожа е посува и дехидрирана. Секојдневните стресови дома и на работа, студеното време, тешката и волнена облека, обоените ткаенини се само дел од непријателите на твојата кожа.

Затоа, дерматолозите препорачуваат во овој дел од годината да ги почувствуваш благодетите на еден друг свет — СПА центарот. 💆🏻

Колку македонците ги посетуваат спа центрите периодов ни открива Џоле Спасов од Play Fit Move Spa.

Со оглед на моменталната ситуација и препораките за превенција и заштита од COVID-19, заинтересираноста е на под просекот земено споредбено со претходната година. Единствената работа што може да се направи од самиот СПА центар за зголемување на посетеноста е поголема промоција кон потенцијалните посетители и презентација за сите преземени сигурносни мерки за нивна заштита и превенција од COVID-19.

Play Fit Move Spa

Еве кои се придобивките што ќе ги добиеш од посета на СПА центар:

✅ Подобрување на циркулирањето на крвта бидејќи се испраќа повеќе кислород и хранливи материи низ твоето тело и клетки;

✅ Ослободување на токсини од телото со стимулација на лимфниот систем;

✅Ослободување на хормонот на среќата — серотонин;

✅ Регенерација на клетките и дектоксификација на порите на кожата;

✅ Зголемување на влажноста на кожата и нејзино подмладување и зацврстување;

✅ Намален ризикот од артритис, ишијас и мускулни грчеви;

✅ Подобрување на кардиоваскуларното здравје;

✅ Го намалува покачениот крвен притисок;

✅ Превенција на дијабетис и губење на килограми;

✅ Релаксација на телото и подобар сон.

Play Fit Move Spa

За оние кои и покрај овие придобивки, се уште се во недоумица за посета на спа за време на пандемија, Џоле ги набројува препораките и мерките што Play Fit Move Spa центрот ги презема за посетителите безбедно да се релаксираат:

  • Ограничување на бројот на луѓе кои посетуваат СПА зависно од големината на просторот;
  • Поминување низ минимум две деконтаминациски зони (дезинфекција на телото и дезинфекциона бариера пред влез во СПА просторот);
  • Носење на маски во заедничкиот простор;
  • Ограничување на бројот на луѓе кои во исто време се во базен, сауните и дополнителните простори;
  • Ограничување на времето за престој во СПА просторот и мерење на температура на секој клиент при влез во СПА центарот.

📢 За сите спа ентузијасти, ФитКит апликацијата нуди широк избор на современо опремени спа центри со сауни, парни бањи, турски бањи, хидротерапија, ароматерапија, внатрешни и надворешни базени, џакузи,релакс соби, пилинг на тело и секаков вид на масажи.

Со само неколку клика, закажи си термин и уживај во вистинското чувство на длабока релаксација, топлина и виталност.

Вреди да си го дозволиме тоа, нели? 🏆


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

1 thought on “Зошто треба барем еднаш месечно да одиш во спа?”

  1. Pingback: Рената од Premium Sport Center: Не споредувајте се со другите, имајте своја цел и замисла што сакате да постигнете!

Comments are closed.