Како настанала и зошто треба барем еднаш во животот да пробаш јога?

Јога со Радица

Ако досега не си пробал/а јога, овој текст дефинитвно ќе те мотивира барем еднаш да ѝ дадеш шанса на јогата за да сфатиш зошто милиони луѓе секојдневно практикуваат некој вид јога. 👇

Она што за почеток треба да го знаеш е дека јогата не е класична дисциплина. Таа е традиционален духовен и практичен систем кој се смета дека настанал во Индија во 3000 година п.н.е. Самиот термин јога значи соединување, слога, цврст спој.

Јогата се состои од асани (вежби). Многумина сметаат дека асаните се гимнастички и акробатски вежби. Тоа не е баш точно. Асана значи состојба на битието во која физички и ментално можеш да останеш долго време, мирно, удобно и стабилно.

Тие се изведуваат за да ти се развиве способноста за седење во една положба подолго време (како за време на медитација). Многу од асаните ги добиле имињата од животни како мачка, риба, тигар. 😻

Низ историјата, јогата била повеќе машка дисциплина. Тогаш било чудно жени да вежбаат јога. Но, сега ситуацијата е доста промената, не само кај нас, туку насекаде во светот. Денес имаме комплетно обратна перцепција — дека ова е повеќе дисциплина за жени.

Кога зборувам конкретно за Македонија, мора да констатирам дека последниве 5 години работите навистина се менуваат и луѓето се повеќе ги препознаваат бененефитите од практикувањето на оваа диспиплина и значењето на холистичкиот пристап на животот. Уште пред 16 години, кога јас почнував да се занимавам со јога кај нас, навистина бројот на мажи беше мал, но веќе од година во година имаме повеќе момци кои практикуваат јога и верувам дека овој тренд на промени ќе продолжи, затоа што ова е дисциплина која носи благосостојба на сите и се радувам што се повеќе се зборува и се знае за тоа, вели Кузман од Yoga Flow Skopje.

Ако порано јогините живееле во планини и шуми, каде што воделе одвоен и строг живот, денес оваа дисциплина е присутна насекаде низ светот и достапна за сите заинтересирани практиканти.

Јогата има безброј придобивки и сите се насочени кон иста цел — подобро здравје и благосостојба преку единство на умот и телото. 😇

Придобивките од јога се делат во овие 3 категории:

Физички:

✅Ти го подобрува балансот и координацијата;

✅Пропорционално ги зајакнува сите мускулни групи;

✅Ти го подобрува држењето на телото и флексибилноста;

✅Ти ги ублажува болките (особено во грбот);

✅Помага при превенција од повреди.

Mентални:

✅Посмирено ќе се справуваш со стресни ситуации;

✅Ќе бидеш поопуштен/а и релаксиран/а;

✅Ќе ти се зголеми самодовербата;

✅Ќе се справиш полесно со анксиозност, несоница, породување, итн.

Спиритуални:

✅Ќе се освестиш за сè што ти се случува во телото;

✅Ќе научиш како да уживаш во моментот;

✅Помага за поврзување на телото со умот.

Vibe and Flow јога

А како јогата би станала уште попривлечна дисциплина во Македонија ни објаснува Радица од јога студиото Vibe and Flow.

Овде веќе подолго време има многу луѓе што се занимаваат со јога или рекреативно ја практикуваат и постои една прекрасна голема јога заедница. Сепак постојат луѓе дури и во мојот круг на блиски кои воопшто немаат пробано јога. Кога сите ние би направиле организирана тивка кампања на социјалните медиуми, верувам дека може да привлечеме уште повеќе ентузијасти. Ова не само што ќе привлече нови вежбачи, туку и ќе внесе и нова динамика во јога заедницата кај нас. 👌

За среќа, ФитКит апликацијата нуди широка лепеза на јога часови. Ѕирни кој јога тренинг ти фаќа око, закажи си час и почни да вежбаш уште денеска. Ти гарантираме дека придобивките од јогата ќе ги почувствуваш уште по првиот час!

Namaste! 🙏


FitKit app logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

1 thought on “Како настанала и зошто треба барем еднаш во животот да пробаш јога?”

  1. Pingback: Совети за витко тело од Џејн Фонда, кралицата на аеробикот

Comments are closed.