Како ќе ви помогне јогата за да се релаксирате

Лесни јога вежби за истегнување

Понекогаш по напорниот ден, сакате да се опуштите со лесен јога тренинг? Тоа е исто така и одличен начин да го започнете денот — со само неколку едноставни јога движења ќе си го разбистрите умот и ќе си создадете позитивна атмосфера за целиот ден.

Медитација

Според мене, медитација е само збор што го опишува времето кога ќе се исклучиме од хаосот во животот и ќе се обидеме да си го смириме умот и да бидеме во спокојна состојба на будност. Неодамна, во разговор со еден пријател сфатив дека медитацијата често погрешно се сфаќа. Овие чести погрешни сфаќања доведуваат до тоа луѓето да не ни пробаат да медитираат. Тој ми рече: „Имам пробано да медитирам зашто работата ми беше многу стресна со многу долго работно време, но се откажав од медитирање оти мислев дека воопшто не ме бидува за медитирање. Никогаш не ми успеваше целосно да си го разбистрам умот, а тоа ме фрустрираше и се откажував. Но, сега разбирам дека мислите што се јавуваат се, едноставно, дел од процесот.“ Ова точно опишува како порано се чувствував јас кога се обидував да медитирам.
Како и за сите работи поврзани со здравјето и фитнесот, има голем број различни мислења и многу методи. Денеска ќе ви ги откријам моите практични совети како да го смирите умот и како со едноставни и практични совети за медитација тоа да се одрази на вашиот ден.

Како и за сите работи поврзани со здравјето и фитнесот, има голем број различни мислења и многу методи. Денеска ќе ви ги откријам моите практични совети како да го смирите умот и како со едноставни и практични совети за медитација тоа да се одрази на вашиот ден.

Едноставни работи што треба и не треба да се прават во медитација

Не мислете дека ви треба потполно тивко и мирно место за да медитирате. Во реалниот свет, а особено во сала со луѓе која можеби не е целосно изолирана од звуци е невозможно да биде целосна тишина.

Обидете се да се оддалечите од сите поголеми работи што ви го одвлекуваат вниманието како што се телефони. Едноставно, тргнете се подалеку од тој уред.

Не убедувајте се себеси дека ви треба специјална опрема како што се подлога, ѕвончиња или прекривки за јога, зашто може да медитирате секаде. Ако се навикнете на помалку опрема, ќе ви биде полесно.

Очите може да ви бидат и отворени, и затворени, направете како што ви одговара.

Не форсирајте се да почнете да дишете на некој одреден начин, на пример дишење од дијафрагма или дишење преку нос. Тоа може уште на почетокот да ве обесхрабри или да ве зашемети. Првин научете да се чувствувате удобно додека медитирате, па потоа ќе работите и на техниката за дишење.

Фокусирајте се на дишењето. Почувствувајте како воздухот влегува и излегува од телото. Едноставно, бидете свесни за дишењето и за тоа како се чувствувате.

Не почнувајте да мислите на негативни работи кога ќе ви текне на сметки или списокот на тоа што треба да го сработите денеска.

Вратете го фокусот на дишењето.

Не правете долги списоци со афирмации или со цели на кои ќе мислите или ќе ги кажувате на глас.

Смислете си еден или два клучни збора што ви помагаат да се релаксирате или ве водат кон позитивно чувство на благосостојба.

Не заборавајте дека медитацијата се смета за вежбање, исто како и јогата. Да, тоа значи дека треба подолго време да вежбате за целосно да ги почувствувате смирувачките ефекти. Симнете ја апликацијата за Андроид или iOS изберете ги неколкуте опции за јога.

Уживајте во ова бегство од хаотичниот начин на живот.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.