Што ако имам само bench (клупа за вежбање)?

Ако досега си вежбал/a со bench (клупа за вежбање), знаеш колку многу комбинации на вежби можеш да направиш само со овој реквизит. Ако вежбаш по дома, bench е нешто што задолжително треба да се најде во твојот дом.

Како правилно се изведува тренинг со клупа за вежбање? Каков тренинг да практикуваш за брзи резултати?

Христијан Томовски, фитнес инструктор од студиото на Basement Centar го има одговорот. 💪

Христијан Томовски

Пандемијата му помогна да го избистри фокусот и да си ја насочи целата енергија во она што ужива – развивајќи се како фитнес тренер и претприемач.

Од големиот број на реквизити што ги користи секојдневно за да ги го оддржува затегнато телото, bench му е омилениот.

Затоа, Христијан ми споделува краток тренинг од 4 вежби во кој е вклучен само овој реквизит: ⬇️

Прв дел: Загревање

Број на рунди и времетраење: 3 рунди по 30 секунди

✅ Jumping jacks 

✅ Seal jacks 

✅ Squat jacks 

✅ Inch worm 

✅ Lunges 

Втор дел: Главен тренинг

Број на рунди и времетраење: Колку можеш повеќе рунди

Bench step ups (повтори 10 пати)

Качи се на клупа со една нога, качи ја потоа и другата нога и стегни го задникот.

Banch dips (повтори 10 пати)

Постави ги паралелно двете раце на клупата. Намести го грбот максимално блиску до клупата. Завршната позиција ти е исправен трицепс.

Аlternating v-ups (повтори 14 пати)

Легни на земја, спој ги рацете и кревај ги истовремено со нозете.

Burpees (повтори 14 пати)

Легни на под со стомакот напред. Скокни нагоре носејќи ги двете раце над главата.

Предностите од користење на реквизит како bench се бројни затоа што можеш да го користиш како кутија на која можеш да скокаш, да се качуваш, да си го истегнуваш целото тело и многу други комбинации на вежби. Единствениот недостаток на bench-от е тоа што користен во домашни услови би зафаќал многу место.

За да дознаеш повеќе за Христијан и да вежбаш со него: ⬇️

📷 Следи го на Инста: @hristijan_tomovski

💬 Пиши му на Фејсбук: Hristijan Tomovski

Пандемијата ги освести луѓето за важноста на здравјето и начинот на живот. Во иднина, луѓето ќе го минимализираат работниот процес работејќи од дома и ќе се насочат кон социјалниот аспект и поминување време во фитнес клубиви. Одреден процент ќе вежбаат дома или ќе комбинираат вежбање од дома и од сала. 🏋️ 

Христијан Томовски

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

1 thought on “Што ако имам само bench (клупа за вежбање)?”

  1. Pingback: Кои се фитнес правила што Шварценегер ги следи за градење мускули?

Comments are closed.