Никогаш не ја потценувајте моќта на одењето. Ова го заклучив откако го сведов пешачењето во последнава година на минимум. Секој ден одвојте време за одење пеш, тоа ќе влијае позитивно на вашето здравје и вашите фитнес цели.
Зошто да се заљубите во одење?
- Одењето пеш може да биде забавно, особено ако одите заедно со пријател.
- Ако сметате дека одењето пеш не е физичка активност затоа што е со низок интензитет на напор, тогаш размислете уште еднаш. Иако не е физичка вежба со висок интензитет, одењето пеш само по себе претставува кардиоваскуларна вежба, што е од клучна важност за да си ги остварите целите.
- Одењето е активност што може да ја практикуваат повеќето луѓе, па затоа претставува одличен прв чекор со кој физички неактивните луѓе ќе почнат да се искачуваат по „скалилата на фитнесот“. Кога ќе почнете со една таква едноставна активност како што е одењето, тоа може да придонесе да станете физички многу поактивни.
- Одењето пеш не ве чини пари, не треба да совладувате посебни вештини и лесно се вклопува во дневниот ритам, така што станува дел од секојдневието, на пример, може да одите или да се враќате пеш од работа.
3 начини да одите повеќе во текот на денот
Прочитај повеќе за пешачењето и начините како да се мотивираш за континуитет со клик на овој линк до постот на нашата веб страна.