Работењето од дома и часовите поминати наведнати пред компјутер полека го земаат својот данок. Болки во грбот, лоша циркулација, главоболка, здрвување на нозете или рацете се само дел од последиците од долгото седење проследено со малку движење.
Како да му помогнеш на твоето тело да се избори со последиците од седењето пред компјутер и зјапањето во екран по цел ден?
Еве неколку практични трикови што ќе ти ја кренат енергијата и ќе ти помогнат да ги зацврстиш мускулите и да ја подобриш линијата во комфорот на твојата домашна канцеларија.
Поглед во далечина
Секогаш кога ќе забележиш дека очите ти се напрегаат — погледни кон таванот. На тој начин, ем ќе ги раздвижиш мускулите на вратот и горниот дел на грбот, ем ќе си ги одмориш и очите од екранот пред тебе.
Од време, на време, погледни и лево-десно. Загледи се во некој предмет што е на 20тина метри оддалечен од тебе. Најдобро е да избереш предмет со пастелни бои за да ги одмориш очите пред повторно да се вратиш на зјапањето во екранот.
5 минути пауза
На секој час седење пред компјутер, направи си пауза од 5 минути. Земи си чаша вода, прошетај до прозорецот да видиш што се случува надвор, или направи некоја вежба за истегнување на мускулите.
Во оваа видео, фитнес инструкторката Дијана Оркич Шивачев ти споделува едноставни вежби што можеш да ги правиш со помош на твојот работен стол. Овие вежби ќе ти помогнат ем да се истегнеш добро додека работиш, ем да се осигураш дека штетните последици од долгото седење ќе бидат сведени на минимум.
https://www.facebook.com/1622535634438335/videos/234170557717232/
Стоечка работна маса
Стоечките работни маси полека стануваат тренд и кај нас.
Стоењето те тера да си ја вршиш твојата работа во исправена положба, па макар и пред компјутер.
Кога работиш стоејќи, крвта и кислородот слободно течат и циркулираат низ телото, а така го намалуваш ризикот од многу опасни здравствени проблеми.
Јога после работа
Јогата е еден од најдобрите начини како да ги раздвишиш згрчените мускули по часовите поминати во седење пред екран.
Во оваа видео, генералниот менаџер на Центарот за Бизнис психологија и NLP тренер, Марина Анчевска, ќе ти покаже неколку едноставни јога пози со кои што ќе го освежиш целото тело, ќе ја вратиш правилната циркулација и ќе ги раздвижиш сите мускули што ти се згрчиле за време на работниот ден.
Не чекај да те заболи дел од телото па да преземеш нешто!
Истегнувањето на мускулите додека работиш и релаксирањето на телото по завршување на работниот ден ќе те спасат од многу сериозни здравствени последици во иднина.
Секогаш е подобро да се спречи, отколку да се лечи, нели?
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.