Дел од компаниите ги испратија вработените да работат од дома, но што е со оние активности што ги правевме надвор, а сега немаме каде?
Ако си се навикнал да вежбаш три пати неделно, а сега теретаната ти е затворена, најлесно е да си даваш изговори, зошто не можеш да вежбаш.
Фитнес центрите не можат да ги пренесат своите справи во твојот дом, ама затоа дел од нив ти ги испраќаат своите најдобри инструктори за преку онлајн тренинзи да те одржуваат во топ форма.
Сигурни сме дека ти фали редовна фитнес рутина, справите или колешките од часот по зубма, ама и онлајн тренинзите си имаат свои предности:
- Ќе заштедиш време и пари
- Можеш да вежбаш кога сакаш и што сакаш
- Вежбаш под твои услови (па дури и во пижами)
Да, токму ова е идеално време да пробаш различни видови дисциплини.
Ако досега си вежбал на справи, можеби би ти било супер да се приклучиш на онлајн часот по пилатес. Можеби ќе ти се допадне.
Или, пак, ако не си бил сигурен дали јогата е за тебе, сега ја имаш шансата бесплатно да се приклучиш на јога час. Пробај! Можеби ова ќе е дисциплината што ќе сакаш да ја практикуваш во иднина.
Дури и ако не си бил/а физички активна претходно, нека овие бесплатни часови ти бидат стартна точка, како да дојдеш до посакуваната форма — летото се ближи ;).
За да ти ја намалиме носталгијата кон твојот фитнес центар, ги поканивме најдобрите инструктори во да одржат онлајн тренинзи секој ден почнувајќи од 17 часот.
Тренинзите #ВежбамОдДома можеш да ги следиш на нашите Instagram и Facebook профили.
Во случај да си ги пропуштил, еве ти видеа од досегашните тренинзи:
Корективни вежби со Дијана Оркич Шивачев:
https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/234170557717232/
Dynamic Pilates со Рита Конзулова: https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/849616202116965/
Power Yoga со Лејла Рамковска: https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/537078920275918/
Functional Fitness со Бранислав Калеовски:
https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/249364652743764/
Active Pilates cо Јелена и Марија:
https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/622176508359338/
HIIT Cardio со Димитар Мишев:
https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/237556924307371/
Одржувај ја фитнес рутината од удобноста на твојот дом и ти гарантираме дека кога повторно ќе стапнеш во твојот омилен фитнес центар ќе бидеш во одлична форма.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.