Џејн Фонда беше една од првите тренери која уште во 80те години го направи вежбањето од дома тренди.
Нејзините видеокасети со аеробик вежби како дел од нејзина програма за вежбање и ја донесоа титулата – кралица на аеробикот. 👑 И со право.
Фонда го направи аеробикот ултра популарен за сите мажи и жени без разлика на возраста.
Денес, Фонда има 83 години и нема намера да престане да вежба. Секој ден оди на долга прошетка, практикува јога и скијање. 🎿
Како Џејн Фонда успева биде згодна на 80 години?
Еве кои насоки ги следи за да ја одржи својата виталност:
☑ Вежбај 3 пати неделно
Минимум за ефективно вежбање е 3 пати неделно. Најдобро е ако вежбањето е преку еден ден и во времетраење од најмалку половина час.
☑ Вклучи 3 вида тренинзи
Без разлика на кој вид вежбање ќе се решиш, тој треба да вклучува 3 различни видови на дисциплини:
- Аеробик;
- Вежби со отпор;
- Истегнување.
☑ Правилно губење на тежина
Мораш да ја намалиш количината на храна што ја јадеш и да ја зголемиш количината на вежбање. Поинаку нема да има ефект. 👌
☑ Внесувај свежа храна во шарени бои
Се трудам да не внесувам шеќери и да јадам свежа храна. Секој ден јадам храна во темно зелена и темно виолетова боја. Не легнувам без да јадам храна со црвена, портокалова или жолта боја. 🍊
☑ Постави остварлива цел за вежбање
Твојата цел треба да биде да го земеш твоето тело и да го направиш здраво, силно, флексибилно и пропорционално.
☑ Не јади кога не си гладен/а
Јади само кога се чувствуваш вистински гладен/а, а не затоа што е време за ручек или вечера.
☑ Појадокот е најважен
Никогаш не прескокнувај го појадокот. Идеално, треба да имаш една третина од дневните калории наутро, една третина напладне и не повеќе од една третина навечер.
☑ Практикувај здрава ужина помеѓу оброци
Секогаш имај при рака здрави ужинки помеѓу оброците како на пример овошје или урда со малку маснотии или кашкавал. 🧀
Џејн Фонда е вистинска фитнес легенда веќе 40 години! 🤩
Задолжително следи ја на Инстаграм за инспирација: https://www.instagram.com/janefonda/
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.