Те мрзи да се вратиш на вежбање? Ајде да го решиме ова

Дали некогаш ти се случило да се најдеш во ситуација кај што се двоумиш дали денес да одиш на вежбање или воошто да се вратиш на вежбање, а не постои некоја голема причина?

Една од работите што на секој од нас ни сметаат е феноменот “тргни застани”. Еве на пример замислете да одите до најблискиот соседен град и да треба да застанете 5 пати поради најразлични причини. Најверојатно веќе на 3тиот ќе почнете да пцуете, да се карате со друштвото со кое патувате и да ви се одмили.

Изминативе 15 дена мене лично ми беа многу динамични со многу настани за кои имав одговорност, патувања и менувања дестинации. И да бидам искрен не дека избегнував да вежбам, но одев да вежбам колку да штиклирам дека сум бил и да немам грижа на совест. Но една друга вистина е што не давав максимум на тие тренинзи и сето тоа ми донесе гласови во глава “секако нема многу да извежбам, дали воопшто да одам”. И кога губите континуитет и кога правите “тргни застани” почнувате да губите мотивација. И, сигурен сум дека ти се случило и тебе. Многу често поради слични причини многу луѓе се откажуваат на подолг рок и после ги фаќа уште поголема мрза дека треба пак да почнуваат од почеток.

Еве како јас си помагам да се вратам во колосек без губење време

  • Нормално е дека кога ќе изгубиш залет и континуитет потребна ти е повторно енергија и време за да се вратиш од каде што си застанал и да ги вратиш истите перформанси и параметри во телото. Но, да бидеме искрени тоа нема да трае повеќе од 3 недели ако се работи за пократок прекин. Секако, не очекувај дека се ќе биде исто, но не го губи ниту трпението ниту волјата да се вратиш некој чекор наназад па макар и на почеток. Секој нов процес носи нова возбуда и нови резултати за кои ќе почнеш да добиваш самодоверба и визија после 2–3 недели.
    Не е ништо срамота доколку си вежбал во група и малку заостануваш. Споредбата со другите не ти помага. Секој има различни цели, различен распоред на време, различни околности, различна генетика и талент, различен карактер… Биди ТИ! Пробај различни локации, дисциплини, форми, времиња, групи и пронајди се. Кликни за Android или IOs и искористи една чланарина за се’ што има и се’ што сакаш
  • Фокусирај се на прогрес, не на целта. Понекогаш сакаме преку ноќ да стигнеме до тело, перформанси, кондиција и слично. Но не ставај фокус на тоа, ќе се разочараш. Најважно е секој следен тренинг да биде макар и 1% подобар од претходниот. И повторно, остави ги другите резултати и муабети од типот “јас кога вежбав…”
  • Кога ќе ја почувствуваш болката од воспалување и кога ќе почувствуваш дека телото не ти прифаќа поголем интензитет, тогаш се лажеш. Телото ќе направи СЕ што ќе му кажеш и ќе го помислиш во глава. Кога мислиш дека треба да одмориш дај максимум!

Вежбањето и паузите доколку се поврзани со здравствени причини и/или повреди, тогаш овие совети можеби и не се за тебе. Консултирај се со својот доктор.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

1 thought on “Те мрзи да се вратиш на вежбање? Ајде да го решиме ова”

  1. Pingback: ФитКит Херој на Неделата: Михајло Ристовски

Comments are closed.