Ти здосадува на трака за трчање?

Го имаш ли истото чувство кога се работи за трака како и сите останати? 🙂 Не проаѓа време, или трчаш и постојано си на исто место. Едноставно пребрзо ти здосадува, особено ако си дома. И уште повеќе во зима!

Епа ако заклучивме дека е подобро да одиш во твојата омилена фитнес локација и да те понесе вежбачка атмосфера, сега ќе треба уште да ти помогнеме со некои совети што ќе ти помогнат да си го “зачиниш” трчањето на трака.

1. Прави промени во висината и косината на траката

Доколку имаш среќа да трчаш на понова и помодерна трака ќе имаш можност да си играш со висината на траката што ќе ти ја крши монотонијата и ќе ти овозможи да чувствуваш напор макар и со пешачење.

2. Планирај ја музиката пред време

Иако многу луѓе “плукаат” по технологијата и ја обвинуваат дека ги здебелува со тоа што ги врзува за кревет или столица, сепак и не е баш така. На пример со твојот телефон денес можеш да си направиш листа со песни пред да одиш на трчање. Одбери песни што ти изнудуваат добро расположение, насмевка и желба за играње :). Времето ќе ти помине побрзо и ќе бидеш помотивиран да дадеш интензитет на трчањето. Дури можеш да пробаш и со некое видео на твојот телефон, серија или концерт. Но, ова не е препорачливо доколку сакаш да направиш интервален тренинг со спринтови.

Прочитај ја целата статија на следниот линк.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.