Што ако имам само тегови плочки?

weighted plates
weighted plates

Вежбањето со тегови е одлично за како професионални билдери така и за почетници. 🏋

Но што ако од теговите ти останале само теговите плочки? Не дозволувај да ти фаќаат прашина по дома. Теговите плочки се идеален додаток во твојот дел домашен фитнес центар. 💪

Надица Јовановиќ, HIIT тренер ќе ти покаже чекор по чекор како да го сториш тоа. 👣

Предноста на теговите плочки како реквизит е во тоа што е мал и не завзема голем простор во домот, лесно е пренослив и едноставен за користење. Како недостаток е работењето само со една тежина во текот на целиот тренинг, но истото може да се надмине со зголемување на бројот на повторувања на вежбата. 

25′ Core and Leg HIIT тренинг

☑ Загревање 

5 минути динамични вежби за загревање 

☑ Главен дел

Се работат 3 серии по 5 вежби кои се повторуваат по принцип: 40 секунди вежбање со 20 секунди пауза.

Вежба #1: Заден исчекор со ротација

Вежба #2: Чучен скок на плочка 

Вежба #3: Чучен прес

Вежба #4. Џампинг џекс со тег

Вежба #5: Руски твист

☑ Истегнување за крај

5 минути целосно истегнување на телото

Вежбањето со тегови плочки е одлично за сите, без разлика на пол или возраст. Полесните тегови плочки се наменети за оние кои сакаат да го обликуваат телото, а потешките за оние кои тежнеат кон зголемување на силата и мускулната маса. 💪

Теговите плочки се идеални и за повозрасни луѓе за одржување на мускулната маса и спречување атрофирање на мускулите.

Сите видови на тегови плочки бараат различен начин на одржување. На пример, тегови плочки обложени со синтетика е доволно да се пребришуваат со влажна крпа еднаш неделно. 

Од друга страна, металните тегови плочки бараат секојдневно одржување со посебно средство со кое ќе се спречи нивното ’рѓосување.

За да дознаеш повеќе за Надица и да вежбаш со неа: ⬇️

📷 Следи ја на Инста: @nadica_jovanovik

💬 Пиши ѝ на Фејсбук: Надица Јовановиќ – Персонален Тренер

Со едноставни реквизити и од дома може да се вежба. Според она што го гледам кај моите клиенти е дека и покрај сите обврски кои ги имаат во текот на денот, онлајн вежбањето од дома им е добитна комбинација. Повеќето од вежбачите ќе продолжат да го практикуваат овој начин на вежбање во периодот што следува па дури и кога пандемијата ќе заврши. Ова не значи дека вежбачите нема да се вратат во спортските сали, но ќе имаат алтернатива да вежбаат каде сакаат. 😎

ФитКит претплати

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

1 thought on “Што ако имам само тегови плочки?”

  1. Pingback: Начинот на исхрана и вежбање на моделот Фабио Ланзони кој краси 466 насловни страници

Comments are closed.