5 лесни вежби што може да ги правиш за време на паузата за ручек

Photo credits: @austindistel

Ако често се наоѓаш во ситуација кога по ручек не можеш да работиш со истиот фокус, енергија и елан како пред оброкот, тогаш овој блог пост е за тебе!

По месеци поминати во работа од дома, седење на столчиња што не се соодветни за твојот ‘рбет или излежување на каучот и гледање Netflix со часови полека го земаат својот данок. ⏳

Болки во вратот, ‘рбетот, главоболка, безволие и мрзливост се само дел од непријатностите што (ќе) ги искусуваш.

Без разлика кој #СедиДома вежбач си, паузата за ручек од работа можеш да ја претвориш во забавна рутина од која што ќе имаш ем физичка, ем психичка полза.

Вреди да пробаш, нели? 😎

Затоа, еве неколку предлог активности што ќе ти ја зголемат продуктивноста за време на овие слободни минути.

1. Корективни вежби

Твоето неудобно работно столче може да биде и твој реквизит за вежбање.

Погледни неколку корективни вежби што можеш да ги правиш пред компјутер и ти гарантираме дека веднаш ќе се почувствуваш како нов/а. 💪

Времетраење на активност: 15 минути

Photo credits: @bruno_nascimento

2.Трчање по скали

По целодневната лежечка или седечка положба и зјапање во компјутерот, размрдај се малку и изброј колку скали има од првиот до последниот спрат на зградата (и назад).

Па дури и ако живееш во куќа, качување и симнување по скалите ќе ти ги активира сите мускули на нозете и ќе ти заштеди на време за џогирање (30 минути трчање =15 минути качување по скали).

Времетраење на активност: 15 минути

meditation
Photo credits: @jmason

3. Кратка медитација

Една кратка 10-минутна медитација не само што ќе ти го смири умот, туку ќе ти го даде потребниот фокус и концентрација за подобро да ги извршуваш работните обврски.

Најди си тивко катче во твојот дом, затвори ги очите и ќе видиш дека откако повторно ќе ги отвориш, твојот поглед кон светот ќе биде поинаков.

Времетраење на активност: 10 минути

4. Истегнување на телото

Наједноставно истегнување на целото тело не се препорачува само додека вежбаш. Напротив, еве неколку вежби за истегнување што можеш да ги правиш било каде (сега веќе немаш изговори) целосно ќе те рестартираат. 👌

Времетраење на активност: 15 минути

Photo credits: @dominikwycislo

5. Скокање во место

Има ли нешто позабавно од Jumping jacks? Неколку серии од скокање во место ќе ти го дадат потребниот наплив на енергија. Ако ти текнува каде ти е наместено јажето, можеш да го искористиш и како реквизит.

Времетраење на активност: 10 минути

Секако, вежбањето не треба да ти биде изговор за да се храниш обилно за време на ручек.

Еве зошто: По обилен оброк крвта се движи кон периферните делови на телото, а притисокот паѓа. Наскоро ќе почувствуваш поспаност, главоболка, расеаност и едноставно ќе те мрзи да продолжиш со работа. Но, зошто да дојде до тоа?😳

Балансирана исхрана е најдоброто нешто што можеш да му го подариш на твоето тело.

Истовремено, да се биде активен за време на работните часови ќе ти ја подобри работата на срцето и ќе ги тонира мускулите.

Можеби нема да забележиш значително зголемување на мускулната маса или изгубени килограми, но ти гарантираме дека ќе се чувствуваш по здрав/а и полн/а со енергија! 😇


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.