5 најголеми заблуди за вежбањето од дома

woman online workout

Во период кога изолацијата е неизбежен дел од нашето секојдневие, вежбањето од дома станува речиси неизбежна опција и решение за да ја одржиш фитнес рутината и да ги стопиш калориите од обилните домашни оброци.

Низ социјалните мрежи и портали, ќе забележиш голем број на митови и заблуди кои што кружат за вежбањето од дома.

Што од ова е вистина, а што е мит?

Дознај во продолжение.

Мит 1: Вежбањето дома троши помалку калории

Без разлика дали скокаш на јаже во двор или во теретана, калориите што ќе ги согориш за оваа активност за еден час се 861 (за жени) и 1.074 (за мажи). Истото се однесува и на другите вежби. Правење planks во теретана или дома на подот ќе ти согорат во просек по 5 калории во минута.

Секако, теретаната има многу справи и опрема за вежбање што ти ги немаш дома, но тоа не треба да ти биде изговор да почекаш да се отворат фитнес центрите за да почнеш да вежбаш повторно.

Преку интернетот, имаш изобилство од онлајн вежби што можеш да ги правиш дома без никаква опрема, само со помош на тежината на твоето тело.

Мит 2: Нема да се испотиш доволно

Потењето е начин на кој телото се лади и не е директно поврзано со интензитетот на вежбата. Недостатокот на пот не значи дека не си вежбал доволно. Можеби температурата во твојот дом е пониска отколку онаа во твојот фитнес центар.

Исклучок овде се кардио вежбите. Ако вежбаш кардио и воопшто не се потиш и не си задишан, тогаш голема е веројатноста дека правиш нешто погрешно.

workout home
Photo credits: @lindseymarott on Unsplash

Мит 3: По вежбањето дома ќе чувствуваш никаква или помала болка

Ако немаш кондиција, нормално е ден или два по вежбањето да ти се јави воспаление на муслкулте. Па дури и да не добиеш воспаление, тоа не треба веднаш да значи дека твојот тренинг не бил кaко што треба и да ти спласне мотивацијата.

Ако си се истегнувал/а правилно за време и по физичката активност, твоето тело ќе биде правилно опуштено и ќе чувствува помалку болка подоцна. Во рамките на твојот дом секогаш ќе имаш повеќе време за истегнување.

Другата крајност е да чувствуваш интензивна болка. Ако болката ти е сконцентрирана во мусклулите, тоа е сосема во ред. Доколку чувствуваш болка во зглобовите уште за време на вежбањето, веднаш прекини со вежбање. Правиш нешто погрешно!

Мит 4: Ќе ти треба подолго време за да видиш резултати

Не треба да очекуваш брзи резулати ниту кога вежбаш во фитнес центар. Ако редовно вежбаш, првите резултати ќе ги видиш дури по 2–3 месеци. Во просек, дури по 6 месеци, другите ќе ги забележат промените во твоето тело. Затоа, не се откажувај!

Мит 5: Тренинг без инструктор не е ефективен

Инструкторот е овде да ти ги покаже правилните техники, не да биде твоја сенка. Вистната е дека доволни ти се само неколку седмици вежбање кај истата личност за да ги совладаш вежбите и да се чувствуваш самоуверено за сам/а да ги вежбаш дома.

fitkit app home workout

За да ти помогнеме да ги победиш заблудите околку вежбањето од дома, а притоа и да бидеш поблизу до твоите омилени инструктори, ФитКит апликацијата ти ги отвора вратите на онлајн вежбалните во земјата.

Со само неколку клика, ќе можеш да си закажеш онлајн тренинг во бил кој фитнес центар во земјата (физичката оддалеченост повеќе не е изговор) и со тренер што отсекогаш си сакал/а да го запознаеш, ама не ти се укажала шанса. Идеално, нели?

Макар и во домашни услови, најважно е да не дозволиш мрзата да те победи.

Ако редовно си вежбаш дома по неколку пати неделно и се храниш умерено и здраво, ти гарантираме дека до лето ќе бидеш подготвен/а за плажа.


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

2 thoughts on “5 најголеми заблуди за вежбањето од дома”

  1. Pingback: Што ако имам само bench (клупа за вежбање)?

  2. Pingback: ФитКит Херој на Неделата: Јована Гаврилова

Comments are closed.