Броење калории: Да или не?

elena bubalo

Колку пати досега ти се случило да се опседнуваш со броење калории и зошто тоа е погрешно? 😳

Дали вежбањето може да компензира за лошата исхрана и прекумерното јадење?

Дали е подобро да јадеш дома или во ресторан? 🍝

Зошто body positivity за прифаќање на дебелината е штетен тренд?

Елена Бубало, една од најинспиративните фитнес тренери во земјава ги дава одговорите на овие прашања во Wellcast with Josif

Body positivity – токсичен тренд за прифаќање на дебелината како нормална појава

Дебелината е како пандемија бидејќи не само што влијае врз здравјето на личноста, туку има импакт и врз луѓето околу неа, околината и системот за здравство. 😰

Од друга страна, имаме трендови како body positivity со цел прифаќање на изгледот на нашето тело, без разлика на дебелината. 

Треба да направиме разлика. Едно е да ја прифатиме дебелината на личноста, но фалењето со дебелина за да добиеме бодови во општеството е сосема друго. Денес, сè се прави за да си популарен на социјалните мрежи, да добиеш споделувања, прегледи и лајкови од публиката. На овој начин, body positivity кај дебелите луѓе се прикажува дека е нешто добро и тоа се пренесува на младите.

body-positive-trend-movement

Луѓето што имаат проблем со дебелината, треба да разберат дека пред да се здебелат однадвор, нешто се случува внатре во телото. Ако внатре во телото сè е во ред, и од надвор ќе изгледа добро. Ова треба да служи како поттик личноста да се запраша што е она што не функционира правилно во организмот. 🤔

Дојдовме до време кога на плажа во 21 век, мајките се позгодни од своите девојчиња. Тоа е тажно. Не треба ние да ја одобруваме дебелината како нормална појава како што се промовира низ социјалните мрежи. Не треба да се фалиме дека се прифаќаме себеси со дебелина, бидејќи на тој начин само јавно си ја задоволуваме празнината во себе. 

За да не дојде до дебелина кај децата кога ќе пораснат, потребно е уште од рана возраст да се градат здравите навики. 👦

Дали вежбањето може да компензира за лошата исхрана?

Вежбањето нема да “те спаси” ако се храниш нездраво. 😩

Не можеш толку да потрошиш колку што можеш да изедеш. Досега сум сретнала само неколку индивидуи на кои тренингот им влијае повеќе отколку исхраната, бидејќи имаат многу брз метаболизам. 

broenje-kalorii

Правилната исхрана ни е потребна за исхрана на нашите клетки за тие правилно да функционираат во текот на денот. Вежбањето ни служи за да изгледаме фит и тонирано и попатно, да потрошиме некоја калорија. 👌

Храната треба да ја гледаме како одржлив систем што ќе ни даде квалитетно секојдневие, а вежбањето надополнување на сето тоа, за да не се случи после 10 години, да направиш нагло движење и да останеш вкочанет и неподвижен. 

Броење калории – треба ли?

 

Вежбачите не треба да се опседнуваат со броење калории.

Кога ќе ми рече некој вежбач: „Па ти мериш калории!” му објаснувам дека јас мерам за да ги објавам за едукативни цели. Има многу луѓе што не знаат колку калории содржи една Цезар салата на пример, дека на телото просечно му треба да внесе 2000 калории дневно, а луѓето не знаат како да пресметат дали внесуваат доволно. 🤨 Ние како тренери мериме калории за да ги едуцираме вежбачите и од прилика да им посочиме во која храна колку калории има. Тие навистина немаат потреба да мерат калории толку детално, туку само да бидат свесни за своите навики за исхрана. 

Готвење дома или јадење во ресторан?

broenje-kalorii

Секогаш избирам да готвам дома, бидејќи тогаш знам кои состојки сум ги ставила во оброкот. Не е лошо и јадењето во ресторан, но не знаеш како ти ја подготвуваат храната. 

По добивањето на децата, генерално готвам дома однапред за 2-3 дена и тие се денови кога се јаде истата храна. Секогаш кога немаш време да готвиш, голема е веројатноста дека ќе посегнеш по нездрава храна како брзо решение. За мене јадење во ресторан е трошење време, бидејќи во просек поминувам по 2 часа во ресторан, а потоа се жалам дека немам време да прочитам книга. 💡

Healthy.me – платформа за вежбање и рецепти

Елена е основач на платформата Healthy.me што нуди 100+ тренинзи достапни засекогаш, 100+ рецепти со пресметана калориска вредност и нутриенти и предавања за исхрана и здрави навики. 🙌

Не е работата на тренерот само да ги покаже вежбите на тренингот. Тоа е најлесно. Тренингот можеш и да го препишеш од некој друг и да му го покажеш на вежбачот. Ние како тренери треба да му го смениме начинот на живот на нашиот клиент. 

Погледни ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore