Втор дел: 5 филмови што ќе те мотивираат да почнеш да вежбаш во 2022 година

filmovi-vezbanje

Со оглед на богатата трпеза за време на Божиќните празници, сигурни сме дека можеби ќе почувствуваш грижа на совест поради сите оние калории што ги содржат вкусните празнични оброци. 🍰😱

Ако си решен/а дека 2022 ќе биде годината на твоја целосна физичка трансформација, ние сме тука да ти помогнеме! 🙏

Повторно ти подготвивме листа на филмови што ќе те олабават од секојдневниот стрес, но и ќе ти покажат дека вежбањето е неизбежен дел од здрав и активен начин на живот:

1. The Nutty Professor 

Дали се сеќавате на паметниот и добродушен човек – професорот Шерман Клумп (Еди Марфи), кој е морбидно дебел? Тој развива чудесна, но експериментална фармацевтска напивка за слабеење што ја тестира на себе со надеж дека ќе ја освои девојката од своите соништа. 🍵

Клумп најпрвин се радува што повторно е згоден, но подоцна открива дека ефектите од напивката за слабеење се само привремени. 🤦

Овој филм ќе ти покаже дека брзите диети се со краток рок и имаат пинг-понг ефект.

2. Burn after reading

Оваа комедија со Бред Пит и Џорџ Клуни има смеење до солзи но и многу важна порака – во светот преплавен со информации и дезинформации, вежбањето ни помага да си ги расчистиме мислите и да расудуваме правилно. 🧠

3. Here comes the boom

Најчесто луѓето практикуваат боречки вештини за да знаат како да се одбранат во случај на опасност, или едноставно за да учествуваат во боречки натпревари. 🆘 

Но, боречките вештини се повеќе од победа на натпревар или одбрана. Овој спорт е одлично средство за контрола на умот и телото, а овој филм го покажува токму тоа. 👊

4. Forgetting Sarah Marshall

Од вежбањето јога ќе имате двојна придобивка – подобрување на менталното и физичкото здравје, но само доколку ги изведуваш вежбите правилно. 🧘

Овој филм ќе ти покаже дека навистина е важно да се избере вистинскиот јога учител и да се следат насоките на инструкторите за да се постигне оптимален ефект.

5. Rocky Balboa

Ја комплетираме оваа листа со еден од најдобрите филмови на Роки Балбоа. 

Овој трилер ќе ти покаже дека боксувањето како спорт ја зголемува способноста да се издржи во секоја ситуација, да се надминат тешкотиите во животот и да се биде свесен/а дека секогаш има светлина на крајот од тунелот. 💡

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.